Достапни линкови

logo-print

Ниту денар државни пари за Малиот битолски Монмартр


Коста Хаџиантоновски, основач на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“

Коста Хаџиантоновски, основач на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“

Годинава, државата не одобри пари за престижната детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

За триесеттата јубилејна детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која треба да се одржи во мај годинава, Министерството за култура нема да даде ни денар. На листата со културни манифестации кои финансиски ќе бидат подржани, не се наоѓа ниту еден од проектите на битолското детско ликовно студио. Освен за Монмартр, не се издвоени пари ни за ликовните каравани, светската изложба на која пристигнуваат по 20.000 цртежи од цел свет и за други активности. Раководителот на Монмартр, Коста Хаџиантоновски е крајно разочаран и не знае од каде ќе најде средства да ја одржи меѓународната ликовна колонија.

„Ме зачудува, дали е можно светот да ни обрне толку големо внимание со поканување на наши изложби во Хонг Конг, Португалија, Брисел и други места и да се учествува на три Олимпијади, со што и донесовме голема асфирмација на Битола и Македонија, а ние да не бидеме финансирани. Но, она што го бараат тие да поднесам приговор, јас отворено кажувам дека Хаџиантоновски и Детското ликовно студио нема да направат никаков приговор бидејќи тоа е за мене понижувачки“, изјави Хаџиантоновски.

Коста Хаџиантоновски

Изминатите години, Монмартр од Министерството добиваше по 150 до 200 илјади денари, кои беа премалку за да се покријат сите трошоци на манифестацијата. И тоа, сметсување на стотина деца од целиот свет, материјали за творење, трошоци за жирито и друго. Хаџиантоновски се жали дека со години ги игнорира и битолската општина, иако колонијата се одржува во Битола.

„Четири години немаме никакви средства од општина Битола. Минатата година не ни се даде ни денар. Предминатата година добивме како милостина, ни се дадоа 50 илјади денари. Претходно, дури и кога Битола беше град на културата не добивме ни денар. Но, не е се само во парата, туку важно е тоа што општински претставници не сакаат да присуствуваат ни на отворањето, ни на затворањето на манифестацијата. Тоа за нас е и она најболното“, додава Хаџиантоновски.

За годинешното роденденско издние тој планирал да повика стотина деца од цел свет, академски сликари кои започнале да творат во Монмартр, да ја продолжи колонијата за два дена. За да успее, ги повика сите граѓани кои го сакаат Монмартр да помогнат и порача политичарите да ги остават на мира зашто студиото не тежнее кон ни една политичка власт, туку создава уметност.

И додека во сопствената држава се соочува со вакви проблеми, деновиве доби известување дека е добитник на најпрестижната награда за култура „Нехру“ од Индија. Ова е само дел од повеќето медали и награди кои ги добил од странски држави, Франција, Португалија и други за неговиот придонес за развој на ликовната уметност кај децата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG