Достапни линкови

logo-print

Полицаец пукал во толпа луѓе во Тунис-двајца загинати


Протестите во Тунис

Протестите во Тунис

Еден полицаец отворил оган кон толпа луѓе и притоа убил најмалку две лица, а 17 се повредени во северозападниот туниски град Клеф, објавија агенциите од земјата. Локалните власти соопштија дека полицаецот е уапсен. Според министерството за внатрешни работи околу илјада граѓани фрлале камења и мали запаливи бомби накај полициската станица во знак на протест против злоупотребите на шефот на полицијата. Во Тунис и натаму е тензично по демонстрациите, при кои беше соборен Претседателот Зине Ал Абидине Бен Али.
XS
SM
MD
LG