Достапни линкови

Дали власта доследно го поддржува стопанството?


Зградата на Владата на Република Македонија
Зградата на Владата на Република Македонија

Дали власта доследно постапува по најавите за поддршка на стопанството? Од една страна, се даваа поволности, а од друга страна, се воведуваат европски казни и строги контроли.

Упатените се со поделени мислења околу прашањето дали власта е доследна во поддржувањето на стопанството? Едни велат подршката постои само на хартија, додека други сметаат дека е воведена построга дисциплина, која важи за сите и на која ќе треба стопанствениците да се прилагодат. Стопанствениците, последен пат изразија негодување за Законот за царина. Посебно е проблематична новината која предвидува приложување банкарска
Сите мерки кои ги преземаа апсолутно немаа некое суштинско решение за приватниот бизнис, тоа го кажуваат и претставниците на двете Комори што ги претставуваат бизнис интересите на заедницата.
гаранција во висина од 100 отсто од износот на трошоците. Дел од бизнисмените од Стопанската комора на Македонија се жалат дека во услови на слаба ликвидност и последици од економската криза, не можат да поднесат толку високи трошоци. Владината поддршка за стопанството постои само на хартија, смета екс-министерот за финансии Џевдет Хајредини:

„Прво ги храбреа дека нема Македонија да има последици од кризата, после дека успешно ќе се справат... Сите мерки кои ги преземаа апсолутно немаа некое суштинско решение за приватниот бизнис, тоа го кажуваат и претставниците на двете Комори што ги претставуваат бизнис интересите на заедницата.“

Европските закони треба да се прилагодат на македонските услови, смета Хајредини и објаснува:
Тоа сега предизивкува големи потреси кај компаниите кои не беа дисциплинирани при закониските регулативи и затоа се чувствува од време на време дека власта тоа го прави само публично, а не и практично.

„Стопанството на Македонија не може да се компарира со она во Германија, во Австрија, Швајцарија итн. Тука треба да се одмерат мерки кои се адекватни на природните и компаративните предности на стопанствениците во Македонија.“

Власта има слух за стопанствениците и води конзистентна политика кон стопанството, смета бизнисменот Зоре Темелковски:

„Тоа сега предизивкува големи потреси кај компаниите кои не беа дисциплинирани при законските регулативи и затоа се чувствува, од време на време, дека власта тоа го прави само публично, а не и практично.“

Илустрација

Европските закони се потребни доколку сакаме да влеземе во Европа, смета Темелковски:

„Да значи, европските законитости се определба на сите политички субјекти, сите сакаме да одиме во Европа. Европа е тешка администрација, ќе мора да ги запазиме сите критериуми.“

Одредени настани, за време на кризата и сега, кога ефектите во светот спласнуваат, видно фрлаат сенка на тврдењата за поддршка. Млекото се истураше на улица, земјоделци се жалеа пред камери дека грозјето им скапува на нивите, а неодамна пред Собранието се палеше и тутун, субвенциониран, но проценет по пониски откупни цени од очекуваните.
XS
SM
MD
LG