Достапни линкови

Македонија рекордер според невработеност


Млади невработени луѓе денот го минуваат низ скопските кафе барови

Млади невработени луѓе денот го минуваат низ скопските кафе барови

Невработеноста повторно бележи раст. Според последните податоци на Заводот за статистика во првите три месеци од годинава, таа е зголемена за дополнителни три проценти. Економските експерти причините ги гледаат во економската криза и неефикасните владини антикризни мерки.

Економската криза и неефикасните антикризни мерки спроведени од Владата се причината за зголемената невработеност во земјава, велат експертите и синдикатите. Според статистиката, во првите три месеци од годинава, невработеноста е зголемена за три проценти, а на листата на невработени запишани се нови 8814 луѓе. Во последниве две години се чуствуваат последиците од економската криза, кои
Неверојатно е чудно што Македонија како рекордер во врска со процентот на невработени, тој проблем премногу малку политички
се третира.
владата велеше дека нема да ги има, што беа крајно несериозни прогнози. Сега не можат да манипулираат, бројките ја покажуваат реалноста, вели економистот Џевдет Хајредини.

„Неверојатно е чудно што Македонија, како рекордер во врска со процентот на невработени, тој проблем премногу малку политички се третира. Како да сме се навикнале дека тоа ни е судбина. За четири години, оваа влада најави помпезно дека ќе се бави со економијата, бројот на невработени покажува дека тука владата потфрлила.“

И претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Растко Мишкоски вели дека зголемената невработеност е поради неочекованиот ефект на економската криза и поради мерките на владата кои не дале резултат.
Протест на стечајците пред влада 02 март 2010

„Ние очекуваме дека многу брзо ќе заврши, но и оваа година најверојатно ќе потрае кризата и неколку пати владата преземаше некои мерки кои не знам колку дадоа резултати, значи тие мерки што ги презема владата би помогнале само во некоја мера.“
Доколку не се создадат услови за отварање на нови капацитети во стопанството и привлекување на странски инвестиции, апсолутно неможе да се очекува некое позитивно движење во оваа област.


Од Сојузот на синдикати подготвуваат низа предлози до Владата.

„Извршување на обврските на државата према претпријатијата, она што се однесува на нормалното плаќање и враќање на ДДВ-то, намалување на вработувањата во јавната администрација, намалување на непродуктивните трошоци кои што се имаат во државата“, вели Лилјана Јанкуловска од ССМ.

Хајредини вели дека владата мора сериозно да се соочи со проблемот на невработеност и лошата состојба во стопанството.

„Доколку не се создадат услови за отварање на нови капацитети во стопанството и привлекување на странски инвестиции, апсолутно не може да се очекува некое позитивно движење во оваа област.“

Со 33, 8 проценти невработени, Македонија е рекордер по невработеност во светот, според истражувањето на интернет порталот „24/7 Волстрит“. Пресметувајќи ги бројките добиени од повеќе извори како што се ММФ, Светска Банка и други. По Македонија следуваат Ерменија, Алжир, палестинските територии Западен Брег и Газа.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG