Достапни линкови

Сиромаштија, беда - народни кујни


Питач на камениот мост во Скопје

Питач на камениот мост во Скопје

Животот се потежок, а бројот на сиромашни расте. Власта, сепак, се реши да ја укине социјалната помош на неколку илјади корисници вклучени во сивата економија за да преживеат.

По напорен ден, се враќате дома и барате малку мир и спокојство во далечинското. Вртите една програма, друга, трета ... и вести, повторно вести, вести...
Содржината им е иста, се разликуваат во нијансите.

„И лебот станува луксуз“, „Расте цената на нафтата“, „Нереализирани антикризни мерки“, „Укината парична помош за 500-тини социјални корисници во Струмица“, „Доцни исплатата на социјалната помош“, „Тутунарите повторно протестираат“, „Стечајците блокираат улици“...

Ова се дел од најавите за вестите што ги слушате на речиси секој медум и... мир во телевизиската програма не најдовте!
По се она што секојдневно го слушаме во последниве неколку месеци само по себе се наметнува прашањето дали Македонија навистина запаѓа се подлабоко во социјална, економска и политичка криза?
Бројките што ги слушаме секој ден се застрашувачки, секој трет граѓанин на Македонија е сиромашен, зголемената стапка на сиромаштија оди паралелно со бројката од 325 илајди невработени.

Укинување на социјалната помош

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во земјава 60 илјади луѓе се корисници на социјална помош од кои на илјадници луѓе им се укинува затоа што се дел од сивата економија. Според опозицијата станува збор за 11 илјади луѓе кои ќе останат без тие 2 до 5 илјади денари месечно, додека според податоците на власта тоа се 3 илјади луѓе. Експертите велат допрва проблемот ќе стане поголем, се очекува новите статистички податоци да покажат и поголем раст на сиромаштијата од 31 процент, цените растат , платите стагнираат, па ни вработените луѓе кои редовно земаат плата нема да можат да ги задоволат своите основни егзистенцијални потреби.
Социјалните корисници на кои не им е укината паричната помош, пак се жалат дека им е намалена.
Нека дојде еден пратеник или министер, нека ги земат овие примања и нека ги прехранат своите деца па да видат
како е.


„Земав 2.000 денари, ми ја намалија помошта на 1.070 денари, а живееме осум луѓе дома.“

„Нека дојде еден пратеник или министер, нека ги земат овие примања и нека ги прехранат своите деца па да видат како е.“

„Дете имам за на факултет, немам од каде да го финансирам.“

Луѓето кои се корисници на социјална помош се наоѓаат на работ на егзистенцијата. Дел од нив спас наоѓаат во народните кујни каде што колку-толку може редовно да јадат. Во земјава има 30-тина народни кујни кои не се доволни за илјадиците корисници на социјална помош.



Бевме во посета на Народната кујна во општина Центар, во која се прехрануваат околу 30-тина семејства кои се социјални корисници. Луѓе кои се прехрануваат со четврт леб дневно, болни, немоќни, луѓе со кои животот бил суров. Нашите соговорници се среќни што се помалку гладни, но дел од нив и се жалат.

„Да не се парите од социјална помош, тешко ќе преживемее... вака малку од малку.“

Владините министри на ,,сликање" пред ланецот продавници со ниски цени
Вработената во Народна кујна Доста Костовска вели дека секој ден се соочува со луѓе кои едвај преживуваат, но има и такви кои пребираат каква храна ќе земат.
Има некои повеќе задоволни, а има и такви што се жалат. На пример, четврт леб им било малку, треба по половина леб да им се дава, јадењето некогаш не им се допаѓа, бидејќи по два пати во неделата се служи тестенина, турлитава исто така не им се допаѓало, не ја земаат воопшто.


„Има некои повеќе задоволни, а има и такви што се жалат. На пример, четврт леб им било малку, треба по половина леб да им се дава, јадењето некогаш не им се допаѓа, бидејќи по два пати во неделата се служи тестенина, турлитава исто така не им се допаѓало, не ја земаат воопшто... ако има сува храна доаѓаат земаат, а манџата останува.“

Доста Костовска вели дека не ја фрла храната што останува.

„Што остане им давам да јадат, не ја фрлам. Доаѓаат луѓе на врата, молат за парче леб, додека има и такви што се расправаат.“

Претседателот на невладината Хоризонт, Ивица Младенов вели дека долгонајавуваните проекти за социјална заштита за загрозените луѓе не функционираат, а дополнителнно владата им ја влошува остојбата на најранливата категорија со укинувањето на социјалната помош. Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами неодамна изјави дека се злоупотребува социјалната помош и затоа им се укина помошта на корисниците, односно дека некои луѓе кои во текот на годината оствариле приходи и до милион денари од земјоделски активности. Младенов ваквото оправдување го смета за нелогично.

„Како може едно семејство корисник на социјална помош да злоупотреби 2.000 денари, што попрво да плати, каде ја гледаат злоупотребата.“

Социјално загрозените најподложни на притисок

Младенов тврди дека Министертвото е пред банкрот, па затоа доцни со исплатите на социјалната помош и со реализацијата на проектите за социјална помош. Но, вели тој, со ваквите мерки се врши и политички притисок врз социјалните групи.

„Каде се удира? Таму каде што е најтенко, каде што може да се скине, а и во овој случај тие со ова сакаат да ги заплашат корисниците на социјална помош, значи оние најсиромашните, да ги заплашат за да утре кога ќе има избори, повторно да ги поддржат, односно да им влеат страв во коски, да не излезат случајно на протести, меѓутоа од друга страна се плашат дека ако излезат на протести или јавно прозборуваат за маките, им се укинува социјалната помош.“


Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека со парите што се планирани за Министерство за труд и социјална политика, Владата нема да може да ги финасира социјалните потреби на најранливите групи. Тој смета дека затоа Владата сега применува мерки со кои секој што имал приход во текот на годината па макар и илјада денари или две илајди денари, го симнува од списокот за социјална помош.

„Мислам дека клучот е што владата ги пренаменува парите за вработувања во администрацијата на свои партиски пари, значи парите сепак се ограничени, не можете безконечно да имате пари, економскиот раст не функционира, Македонија не го зголемува бројот на вработените што би креирале повисоки даноци, економијата не оди напред, дури напротив сиромаштијата расте, а владата наместо да ја финансира сиромаштијата во овие кризни моменти и нивната езгистенција.“

Поповски додава дека се очекува ваквиот негативен тренд да продолжи:

„Пресметките покажуваат дека тие пари не се големи, меѓутоа очигледно дека владата тие не може да ги обезбедува и може да очекуваме овој процес во наредните месеци да продолжи.“

Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами на отворањето на Народна кујна во Дебар во 2008 година

Поранешниот министер за труд и социјална политика Насер Зибери вели дека ваквата политика на кратење на проекти и пари за социјално ранливите групи и трошење милионски сум и за споменици и музеи може да резултира со зголемено социјално незадоволство.

„Секако дека може да предизвика дополнителен револт и причина за да се прошири структурата на луѓето што ќе го изразат својот револт низ улиците, со протести и со друг начин на манифестирање на незадоволството.“

Но, заменик-министерот за труд и социјала Спиро Ристовски смирува и вели дека ситуацијата не е лоша. Според него се си тече според законите а, Министерството и понатаму ќе продолжи со своите социјални проекти.

Кои социјални мерки ќе се преземат годинава?

Продолжува оваа година проектот за Сузбивање на енергетска сиромаштија, проектот Условени парични трансфери со кој што на секое семејство-корисник на социјална помош чие што дете оди во средно образование добива по 1.000 денари месечно. Покрај овие два крупни проекти коишто чинат исклучитено високои буџетски средства, продолжуваат да се исплатуваат на време сите социјални трансфери поврзани со социјална помош, правата поврзани со постојана парична помош, туѓата нега и слично.

Социјалните случаи се жалат дека тешко доаѓаат до субвенции за огрев и струја поради обемната документација. Зошто?

Не можам да се сложам со последново. Многу е едноставна програмата што ја донесовме, врз основа на која што доколку соодветниот корисник на социјална помош законски искористува извесен енергенс, точно е наведено, дека само треба да се донесе белешка од платена струја од претходниот месец, доколку се грее на огревно дрво, треба да донесе фискална сметка или соодветна уплатница.

Зошто им е укината социјалната помош на три илјади корисници?

Ние како Министерство согласно законот за социјална заштита, вршиме процес на обнова на документите. Доколку извесен корисник засновал работен однос, има приход, односно прима плата или пак остварува приход по однос на други основи, од вршење земјоделска дејност, трговија, продажба и слично, и доколку на неговата трансакциска сметка се констатира приход кој што е повисок од месечниот износ на
Доколку извесен корисник засновал работен однос, има приход, односно прима плата или пак остварува приход по однос на други основи, од вршење земјоделска дејност, трговија, продажба и слично, и доколку на неговата трансакциска сметка се констатира приход кој што е повисок од месечниот износ на социјалната помош, тогаш законот задолжително наложува прекинување на правото на социјална
помош.
социјалната помош, тогаш законот задолжително наложува прекинување на правото на социјална помош. Не постои некаква тенденција дека годинава намерно е намален бројот на корисници на социјална помош, имало години и кога имало поголем број на укинувања на социјална помош.

Невладината Хоризонт која се занимава со правата на социјалните корисници најави протести на сите социјалци во Скопје кои би требало да се одржат кон крајот на овој месец. Организацијата веќе половина година чекат пратениците да се изјаснат за нивните барања, покачување на социјалната помош за најмалку двојно, редовно исплаќање на еднократната помош, корисниците на социјалан помош да имаат право на детски додаток, измени на законот за социјална заштита. Младенов вели дека долгонајавуваните проекти за социјална заштита се само на хартија.

„Министерот кажува дека се е исплатено, а луѓето не зеле пари. Значи при очи, ги прави будали. Мислам ова што се случува е срамота.“

Споменици на сметка на социјалците?

Поранешниот министер Зибери вели дека решенијата за излез од социјалната криза во која навлегува земјава треба да се бараат во два правци. Тој објаснува дека прво е потребно да се стопира нерационалното трошење на буџетот и пренасочување на ресурсите во социјалната политика, а потоа и посветување поголемо внимание на зголемување на економскиот раст.


„Само економскиот раст е единствена здрава политика која може да го згрижи социјално загрозеното население во една држава.“

Луѓето од граѓанскиот сектор пропорачуваат и нов модел за подобрување на состојбите. Се препорачува да им се исплаќа на социјалните корисници по 100 евра месечно со тоа што работоспособните корисници ќе бидат обврзани да работат општествено корисна работа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG