Достапни линкови

logo-print

Нов обид за Чебрен и Галиште


Има ли услови за изградба на брана висока 192 метри?

Има ли услови за изградба на брана висока 192 метри?

Власта најавува нов, петти по ред, тендер за хидроцентралите Чебрен и Галиште. Според експертите, несоодветните технички услови се главна пречка за инвеститорите.

Чебрен и Галиште – обид број пет. По најавата дека нов тендер за изградба на овие две хидроцентрали ќе се распише месецов, се поставуваат неколку прашања: Зошто четири пати претходно не се најде инвеститор и дали по толку пропаднати обиди има останато некој заинтересиран кој би одвоил 700 милиони евра?
Моите информации се дека уште во почетните барања, инвеститорите велеа дека да речеме толку висока брана не е можно да се изгради заради тоа што нема доволно вода. Значи проектот непотребно се правеше гломазен, прескап, мегаломански би рекол, без да се води сметка дека вода за така висока брана, без акумулација,
нема.

Несоодветната техничка документација до сега беше главна пречка за потенцијалните инвеститори, вели професорот Атанаско Туневски:

„Моите информации се дека уште во почетните барања, инвеститорите велеа дека, да речеме, толку висока брана не е можно да се изгради заради тоа што нема доволно вода. Значи такви некои барања уште на почетокот се поставуваа, но упорно се одеше со тоа дека изградба на брана висока 192 метри е можно да се изгради. Значи проектот непотребно се правеше гломазен, прескап, мегаломански би рекол, без да се води сметка дека вода за така висока брана, без акумулација, нема.“

Дали овој пат власта ќе излезе со пореална документација? Одговор на ова прашање за сега не може да се даде, поради тоа што не се познати деталите од новонајавениот тендер, вели Туневски:
Прво кога можеше да се добијат добри понудувачи тие се одбиваа во почетните години, за да сега се доведеме во ситуација никој да нема сериозен интерес, затоа што постапката на тендерирање чини
пари.

„Сега се надевам дека сфатија затоа што најавите се дека се ревидирале тие ставови, односно дека пофлексибилна е тендерската документација, односно дека веројатно се дозволува и пониска брана од овие 192 метри.“

Останува и неизвесно дали ќе се најде сериозен инвеститор, имајки предвид дека станува збор за „петта среќа“. Министерот за економија Фатмир Бесими смета дека е „многу извесно“ дека некој ќе даде понуда. Професор Никола Поповски потсетува дека и за инвеститорите е скапо аплицирањето на тендер.


„Прво кога можеше да се добијат добри понудувачи тие се одбиваа во почетните години, за да сега се доведеме во ситуација никој да нема сериозен интерес, затоа што постапката на тендерирање чини пари, треба да се собира обемна документација, чини многу работни саати, експерти треба да се ангажираат итн.“

Неисплатливо е сето тоа да се поништи, вели Поповски и дополнува:

„И веројатно тоа е една од причините што странските инвестиции се на многу ниско ниво во нашата држава.“

Тендерите не се ефтини ни за понудувачите, судејки по тоа дека неофицијално, Македонија само за консултантските услуги, одвоила околу 100 илјади евра.
XS
SM
MD
LG