Достапни линкови

Македонско косовска енергетска соработка


Косовска термо централа

Косовска термо централа

Македонија и Косово потпишаа меморандум за разбирање, кој според потписниците отвора конкретни можности за соработка

Во Косово ќе се градат хидроцентрали, а Македонија, како што посочија од Министерството за економија, е рекордер во бројот на потпишани договори за вакви градби. Но дали хидроелектричните централи се единствената основа на која може да се заснова
Денес ова е официјализирање на заедничките заложби во однос на соработката во областа на енергетиката и создавање правна основа за да се надминат било какви технички прашања.
македонско-косовската соработка на полето на енергетиката, посебно откако денеска министрите за економија на двете држави потпишаа меморандум за разбирање?

Од голем интерес за земјава е јагленот на Косово, смета професорот Атанаско Туневски

„Конкретни начини на соработка, и она што е од интерес за Македонија е јагленот, којшто постои на Косово. И евентуално, да се види дали тој јаглен може технички и економски да се експлоатира во нашите термо-централи. Тоа е едниот начин за соработка. Вториот начин, е постојниот, сега неактивен далековод, 220 киловолтен да се обнови, да се реконструира и да се стави во употреба, со што ќе се подобрат преносните врски.“

Министерот за економија Фатмир Бесими изрази надеж дека со потпишувањето на меморандумот, ќе се отворат конкретни можности за соработка меѓу двете соседни земји.

Косовската министерка за енергетика и руди, Јустина Широка-Пуља и министерот за економија Фатмир Бесими.

„Денес ова е официјализирање на заедничките заложби во однос на соработката во областа на енергетиката и создавање правна основа за да се надминат било какви технички прашања.“

По потпишувањето на меморандумот во македонија и Косово ќе се основаат работни групи кои ќе работат на подобрување на соработката на полето на енергетиката, рече министерката за енергетика и рударство на Република Косово, Јустина Широка-Пуља
Јас мислам дека со овој меморандум и работните групи кои ќе се воспостават, ќе бидат тие кои ќе бидат надлежни за анализирање на сите можности и прашања за соработка меѓу двете земји.

„Јас мислам дека со овој меморандум и работните групи кои ќе се воспостават, ќе бидат тие кои ќе бидат надлежни за анализирање на сите можности и прашања за соработка меѓу двете земји.“

Инаку, зад двете држави веќе има еден наводно неуспешен обид за заеднички активности. Браната Луково Поле од заеднички македонско-косовски проект се претвори во активност на државната компанија ЕЛЕМ по демаркацијата на македонско-косовската граница. Соработката на овој проект била попречена од политичките случувања, изјави министерката Широка-Пуља.

„Овој проект беше заеднички, меѓутоа со оглед на политичките промени и политичкиот развој кој ќе се случи овој проект ќе се реализира со средства од ЕУ.“
XS
SM
MD
LG