Достапни линкови

logo-print

Почнува изградбата на мали хидроцентрали


Зградата на ЕВН

Зградата на ЕВН

Со денешното потпишување на договорот меѓу Владата и Енерџи Зотер Бау започнува изградбата на 16 од 400-те планирани мали хидроцентрали цо Македонија

Со потпишување на договор за изградба на 16 хидроцентрали, започнува реализацијата на програмата за изградба на 400 мали хидроцентрали. На тендерите се јавија многу фими од земјава и странство, а првите 16 ќе ги гради компанијата Енерџи Зотер Бау, со
Самата компанија што ќе ги изгради овие хидро централи ќе треба да склучи договор со ЕЛЕМ за продавање на електричната енергија. Тие ќе можат да склучат договор и со ЕВН и другите компании, но ќе мора да имаат договор со ЕЛЕМ и тие автоматски ќе го продадат на другите
која денеска министерот за економија Фатмир Бесими ќе потпише договор за концесија за вода. Целиот проект е поделена во четири пакети. Овие хидроцентрални, кои се многу популарни во европските земји, би требало да го зголемат домашното производство на струја со што ќе се намали скапиот увоз. Годишно производство на електрична енергија од овие мали хидроелектрични централи се очекува да изнесува околу 1200 ГВтч додека вкупната инвестиција би била околу 300 милиони евра, велат од министерството за економија.

„Самата компанија што ќе ги изгради овие хидро централи ќе треба да склучи договор со ЕЛЕМ за продавање на електричната енергија. Тие ќе можат да склучат договор и со ЕВН и другите компании, но ќе мора да имаат договор со ЕЛЕМ и тие автоматски ќе го продадат на другите,“

вели Исмаил Ебипи од министерствот за економија

Во Македонија, заради изградба на поголеми хидроцентрали, во шеесеттите години од минатиот век е прекинато со градење мали. Акадмик Глигор Каневче вели дека доколку се изградат сите предвивдени мали , нивното производство ќе биде еднакво на производството на една голема хидроцентрала

„Во секој случај, хидроцентралите воопшто се добри,“

вели Каневче и додава дека постојат реални можности и за изградба на големи хидроцентрали со кои би се подобрило снабдувањето со електрична енергија. Според познавачите, изградбата на мали хидроцентрали се смета за евтина инвестиција која брзо се враќа.Целата струја што ќе ја произведат државата ќе мора да ја откупи и тоа по загарантирана повисока цена од актуелната. Во земјите членки на ЕУ има околу 20.000 мали хидроцентрали, во Македонија досега има само 21. Малите хидроцентрали во земјава се само шест отсто од вкупната инсталирана моќност во хидроелектрани. Сите се приклучени на електродистрибутивна мрежа и се сопственост на ЕВН

„Значи, секоје домашно производство е добредојдено, бидејќи тоа не долг рок ќе се преслика и во цената на електричната енергија,
затоа што секогаш она што го произведуваме дома е поефтино од она што го увезуваме на пазарот,“

објаснува Ленче Карпузовска од ЕВН.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG