Достапни линкови

Што сакаме од годинава?


Можеме ли сами или ни треба помош од виша сила?

Можеме ли сами или ни треба помош од виша сила?

По празниците, полните трпези, честиките, убавите желби и сумирањето на резултатите од минатата, на ред се очекувањата за оваа година. Kои се приоритетите на Македонија за периодот пред нас? Ќе биде ли ова година на големи решенија или година на големи разочарувања? Знаеме ли кои ни се целите и како може да ги постигнеме?

На почетокот, го менуваме ли поздравот ’Среќна нова‘ со ’Господ нека ни е на помош‘?!

Интегрирање на Македонија во ЕУ и во НАТО се очекувањата на партиите од власта и опозицијата во Македонија за 2008 година. Вака пишуваа медиумите при крајот на 2007.
На крајот од 2008 оценката беше - заостануваме на патот кон ЕУ И НАТО.

Следната година, медиумите пишуваа: приоритети за оваа година се евроатланските интеграции, решение на спорот за името со Грција, економската состојба. Завршните анализи покажаа дека годината не била баш успешна, од ветеното - малку сторено. Годината оценета како катастрофална, а за следната - надежи за подобро утре.

И во 2010 исти приоритети, очекувања за влез во НАТО, деблокада на влезот во ЕУ, закрепнување од економската криза, наплив на странски инвеститори... На крај - рекордна сиромаштија и невработеност, понизок стандард, повисоки давачки, пад на демократијата и слободата на изразување, протести, недавоволства, пад на политичкиот дијалог и култура.
Очекувањата, пак, за оваа година се исти - влез во ЕУ и во НАТО, економска благосостојба, странски инвестиции. Премиерот очекува подобра година, претседателот година на големи очекувања, опозицијата песимистички настроена, експертите критички, граѓаните разочарани - тие повеќе не очекуваат ништо.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со медијаторот Метју Нимиц на 23 феврувари 2010 во Скопје

Премиерот, во своето новогодишно обраќање, најави поголем економски раст, повеќе ивестиции. Во своето обраќање кое во најголем дел беше посветено на економијата, при крајот, премиерот се осврна и на реформите со кои ќе се деблокира членството во НАТО и ЕУ. Но сепак, истакна дека, најважно од се е внатрешната слога и меѓусебниот респект.

„Неслогата и немањето чувство за сплотеност кога стнува збор за клучните
Посакувам во 2011 година да бидеме посплотени и да покажеме поголема меѓусебна почит. Ако ние внатре во земјата повеќе се почитуваме меѓусебно, не само што полесно ќе ги решаваме проблемите и ќе ги остваруваме целите, туку и од надвор повеќе ќе не респектираат.
државни и национални интереси, секогаш низ историјата скапо не чинело. Посакувам во 2011 година да бидеме посплотени и да покажеме поголема меѓусебна почит. Ако ние внатре во земјата повеќе се почитуваме меѓусебно, не само што полесно ќе ги решаваме проблемите и ќе ги остваруваме целите, туку и од надвор повеќе ќе не респектираат.“

Претседателот Ѓорге Иванов во совето обраќање, за 2011 рече дека ќе биде година на многу предизвици и на сериозни зафати.

„Големите предизвици од нас ќе го извлечат најдоброто. Тоа си го должиме самите на себе, но и на нашите предци и на идните поколенија.“

За лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски, оваа година ќе биде расплет на македонската трагична драма. Тој предвидува дека годинава, не само што ќе биде потешка, туку ќе биде преломна – исто како 1991 и 2001 година.

„Во 1991 се донесе одлуката за независност и се создаде првата самостојна современа македонска држава. Во 2001 година се избегна тотална меѓуетничка војна и се бранеше унитарниот карактер на државата. Во идната, 2011 година мора да донесеме историска одлука за каков концепт на држава сме, За европска или античка Македонија, за напредок или тонење во жив песок, за вистински или лажен патриотизам.“

Шчо направивме и шчо требаше да направиме?!

Но како што би прашал Крсте Петков Мисирков, Шчо направивме и шчо требаше да направиме?!
Во идната, 2011 година мора да донесеме историска одлука за каков концепт на држава сме, За европска или античка Македонија, за напредок или тонење во жив песок, за вистински или лажен
патриотизам.


Пратениците, без разлика на која политичка гарнитура и припаѓаат, се за тоа дека ЕУ и НАТО, како и решавањето на спорот за името треба да бидат приоритети, но се разликуваат околу тоа дали оваа влада е спремна да ги оствари зацртаните работи.

Сега сите погледи се свртени кон 2011. Дали ќе продолжи земјава да се движи по инерција или ќе има некои промени?!

Треба да покажеме и лидерство и храброст да го исполниме она за кое зборуваме неколку години, вели Теута Арифи од ДУИ, коалиицониот партнер во Владата на Груевски.

„Јас мислам дека без деблокирање на евроатланските процеси, ние не можеме ниту да изградиме подобра демократија дома, ниту да имаме добар тек на домашните настани, тоа веќе се докажува неколку години наназад и мислам дека тоа треба да биде најбитен или прв приоритет.“

Но, Арифи е скептична дека годинава може многу да се направи.

„Не сум многу сигурна дека може да биде година на сериозни одлуки, но сигурна сум дека мојата политичка партија, ќе се ангажира и ќе се обидеме максимално, ова прашање да се помрдне од точката во која е сега.“


Пратеникот Алаксандар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека постои единство меѓу сите политички партии и граѓаните во земјата околу најважните приоритети - евроатланската интеграција на Македонија, економскиот развој и унапредувањето на меѓуетничките односи.

„Мислам дека интеграцијата во ЕУ, во НАТО, економскиот развој на државата и натамошниот развој на меѓуетничките односи се најмалиот заеднички содржател помеѓу сите политички партии, помеѓу сите граѓани во Македонија, што ни дава за право да веруваме дека сепак постојат еден круг на прашања кои можеме да ги дефинираме како
Интеграцијата во ЕУ, во НАТО, економскиот развој на државата и натамошниот развој на меѓуетничките односи се најмалиот заеднички содржател помеѓу сите политички
партии.
македонски национален, односно македонски државен интерес. Значи остварување со својата волја, со својата работа од сите политички партии во Македонија, а со тоа подржаност од граѓаните.“

И пратениците од опозицијата велат дека приоритетите се тие, познати со години. Секретарот на СДСМ Андреј Петров вели дека оваа влада „го изгубила компасот“.

„Пет години е на власт и ние не слушаме ништо ново. Секоја година започнува со некаков лажен оптимизам дека државата ќе тргне напред, дека само што не ни тргнало. Во суштина, ситуацијата е очајна и тоа не само во поглед на стратешките надворешно-политички приоритети на Република Македонија, туку и на внатрешно-политички план, земјата се наоѓа во незапаметена сиромаштија досега и тоа е дирекна вина на оваа влада.“

Сулејман Рушити од Нова демократија, пак, вели дека не е преголем оптимист дека приоритетите може да се остварат.

„За жал можеби ова песимистички ќе звучи, но јас сметам дека овој состав на влада не ни дава за право да бидеме оптимисти дека во оваа насока нешто ќе сменат.“

За тоа што не ни оди со економијата виновна е светската криза, заради неа и странските инвеститори не дојдоа, за влез во ЕУ и во НАТО криви се Грците, за се друго е Бранко. Македонија со година тапка во место, реформите заостануваат. За едни виновна е власта, за други опозицијата, за трети сите.

Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ на 14 октомври 2009

Поранешниот премиер Владо Бучковски, во чие време земјава доби кандидатски статус, вели дека земјата веќе видливо заостанува на патот кон Унијата.

„Македонија дефинитивно полека, но сигурно се ближи на опашката од Западен Балкан. Бевме лидер во регионот пред пет години, а сега може да се радуваме на успесите на нашите соседи.“

Потпретседателот на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани вели дека на Македонија и останува само да се надева, додека двете нејзини сопатнички - Албанија и Хрватска се во НАТО.
Бевме лидер во регионот пред пет години, а сега може да се радуваме на успесите на нашите соседи.

„Прво треба ние како Евроатлански сојуз, па и сите други институции одговорни во државата, да работиме да се одржи тоа про-НАТО расположение кај граѓаните, дека веројатно ќе се најде решение или подобро речено компромис за името со Грција.“

Веќе одамна се знае дека она што се бара од земјата за влез во НАТО и деблокирање на пристапувањето во ЕУ е решение на спорот за името со Грција. Професор Димитар Мирчев вели дека изминатата година, иако имаше напори, до решение не дојде, но затоа надежите остануваат за оваа година.

„Оваа година навистина може да се дојде до една зрела фаза или да не кажам до крај на тој процес. Се брзаше минатата година и се вршеше притисок до декември да се реши, меѓутоа очигледно е дека немаше многу волја, а немаше ниту време.“
Ние немаме национален консензус за државните интереси. Едни со други се напаѓаат што не е убаво и се создава лоша слика за Македонија.


Професор Лазар Лазаров вели дека виновниците за стагнирањето на земјата на патот кон ЕУ и НАТО може да се бараат, како во надворешните фактори, така и во немањето државна стратегија за решавање на проблемите.

„Односите позиција – опозиција. Ние немаме национален консензус за државните интереси. Едни со други се напаѓаат што не е убаво и се создава лоша слика за Македонија. Значи, нам ни фали стратегија и консензус за тие национални државни интереси.“

Стандардот поважен од ЕУ и НАТО

Што очекувам од 2011-та?! Ништо спектакуларно... барем така велат политичарите и експертите. И за оваа година велат дека ќе жнееме тоа што сме сееле минатата година.
Во Македонија 2010 замина така како и што започна. Со напнатост меѓу политичките лидери, апсења, скандали, изневерени очекувања, пропаднати надежи. Но годината по многу малку се разликуваше од таа пред неа, а таа од таа пред неа. И се така неколку години по ред. Исти приоритети и исти разочарувања.

Македонија, не само што не се помрднува од мртва точка, туку и оди ретроградно велат експертите. Од земја лидер во регионот, стагнира на патот кон ЕУ и НАТО, економијата никако да „пркне“, животниот стандард паѓа, меѓуетничките односи се добри, се додека не се најде некоја „усвитена “ глава да ги разгори, па тогаш имаме раправии на фудбалски терени, тепачки во училишта и автобуси, протести, незадоволства...

А граѓаните? Граѓаните, предолго заробени во транзицијата, повеќе сакаат економска благососотојба, вработување, здравје, пари за лекови, а дури потоа влез во ЕУ и во НАТО:


„Ништо не очекувам, очекувам дека ќе биде најкризно, тоа очекувам. Вистината ја кажувам, дека ќе биде најкризно. Јас мислам дека државата треба малку да помисли и на нас луѓето.“

„Да има вработувања, да се отворат фабрики.“

„Да ни се покачат пензиите за да имаме за живеење, вака мизерија сме. А сакам да не примат и во НАТО.“

На анкетата, пак, на нашата интернет страница на која граѓаните можат да гласаат за тоа кои се нивните приоритети, со повеќе од 60 проценти предничи животниот стандард, над 20 проценти од тие што гласале сметаат дека решението на спорот за името е приоритет, околу 14 проценти мислат дека акцент оваа година треба да се стави на изборите, а мал процент како приоритет ги наведува и меѓуетничките односи.
Да има вработувања, да се отворат фабрики.

Политичарите велат дека ќе ни треба многу, многу среќа во годината што е пред нас, во која влеговме раскарани, разединети и сиромашни.

Социологот Хисен Јашари смета дека политичките партии мора да го унапредат политичкиот дијалог и да создадат стратегија за решавање на проблемите.

„Ако не се отвори еден сериозен дијалог меѓу политичките елити, на некој начин да изградат сериозна стратегија како да се оди понатаму и како да се решаваат крупните прашања во општеството, мислам дека ќе дојдеме во една ситуација „анемија на општеството“ кога тоа се дезорганизира на економски, социјален и на политички план.“

Познавачите на приликите не се оптимисти дека овој турбулентен период ќе го поминеме без лузни, бидејќи државата е континуирано во некаква политичка криза. И политичарите и експертите и граѓаните, сепак со надеж дека нешто ќе се промени, ќе тргне на подобро. Но сите велат дека сите конци се во рацете на власта, па како ќе биде годинава во најголема мера зависи од нив.

За оценките за оваа година ќе почекаме. Можеби и за оваа ќе напишеме: Најлошото помина, доаѓа хоосот; Ништо од ветеното; Приоритетите и оваа година остануваат исти. Или пак Македонија зад себе остави успешна година, влеговме во НАТО, се гледа крајот на патот кон ЕУ, се поблиску сме до решени за името, невработнеоста е под 10 проценти, сиромаштијата се намалува, на Бунарџик „врие“ од странски инвеститори, сонцето подеднакво не грее сите.

Но кој знае, останува сепак да видиме, како политичарите ќе го изменаџираат периодот пред нас.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG