Достапни линкови

Македонија во 2010


Скопје деновиве
Скопје деновиве

Речиси целата 2010 година измина во знакот на проектот „Скопје 2014“. Годината ја „зачинија“ и лустрацијата, протести на опозицијата, собранискиот инцидент...

Иако ја испративме 2010-та, најчесто спомнувана бројка во изминатите 365 дена, што се однесува на година, беше фамозната 2014-та, Скопје 2014. Речиси сите дванаесет месеци, ама буквално сите, минаа под знакот на меѓупартиските препукувања и надмудрувања за чинењето, оправданоста, ефектите од проектот Скопје 2014. „Стартниот пиштол“ го испука градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ уште во јануари:

„Владата оцени дека кризната 2009-та година, значи рецесијата ја поминавме не така страшно и донесе одлука да продолжи и со другите предвидени споменици.“
Владата оцени дека кризната 2009-та година, значи рецесијата ја поминавме не така страшно и донесе одлука да продолжи и со другите предвидени споменици.


Колку чини „Скопје 2014“?

А неговиот колега од град Скопје Коце Трајановски се обиде да делува смирувачки, по критиките од опозицијата дека за проектот ќе бидат потрошени најмалку 200 милиони евра:

Колку чинат спомениците?

„Сметаме дека ќе биде некаде околу 80 милиони евра, меѓутоа тоа се пари што ќе бидат во неколку буџетски циклуси и кои не се само на владата туку учествува и општина Центар и градот Скопје и приватните инвеститори кои што наоѓаат место во оваа реализација.“

Потоа следуваа многу реакции, се огласија партиите, експертите, архитектите, невладините. Расправата доби и етничка конотација. На партиите и невладините оранизации на Албанците им пречеше слабата, речиси никаква застапеност на албанската култура во Скопје 2014. По најавата за градење црква на плоштадот, дојдоа и барањата за нова џамија. По сите овие религиозно- етнички препирки, се случи и протест за одбрана на плоштадот:

„Не сакаме ни црква, ни џамија, ни Александар Македонски. Сакаме плоштад на плоштад. Црквата е на православние, џамијата на муслиманите, плоштадот е на сите.“

Неколку пати беше одложувана седницата на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците, на која требаше да се расправа за оваа тема:

„Ова е проект за кој се разговара секаде, а не се дебатира тука во Парламентот, мислам дека тука е парадоксот и затоа е нашата иницијатива да под итно Парламентот односно Комисијата за меѓуетнички односи дебатира и донесе заклучоци по овој проект“, изјави лидерот на Нова Демократија Имер Селмани.
Несакаме ни црква, ни џамија, ни Александар Македонски. Сакаме плоштад на плоштад. Црквата е на православние, џамијата на муслиманите, плоштадот е
на сите.


Настојувањата на опозицијата оваа тема да се најде на дневен ред на седница на Собранието конечно вродија со плод во декември. Поголемиот дел од дебатата, поради, благо речено непристојната реторика, не заслужува да најде место во овој преглед. Потсетуваме само на делот во кој пратениците се фатија, а за што друго, за парите:

„Па сетете се дека вие и Груевски ја лажевте македонската јавност дека проектот ќе чини 80 милиони евра, па само до сега се потрошени 200-300 милиони евра, а ќе стигне и до 500 милиони евра. Па, зошто мислите дека вие ако лажете дека некој ви верува.“

„Проектот Скопје 2014 чини толку колку што украдовте од ТАТ“, рекоа Игор Ивановски од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

А Ивановски претходно беше и обелоденувач на аферата Патриотска метла, за наводно исчезната тендерска документација за проектот Скопје 2014:

„Во Министерството за култура или некој свесно ја уништил или ја украл за да сокрие поголем дел од тендерската документацијата за проектот Скопје 2014. Мотивот за тоа најверојатно е злоупотребата на огромните суми народни пари.“

Министерката Елизабета Канческа Милевска нормално, демантираше:

„Одговорно тврдам дека во Министерството за култура доследно се почитуваат законите и дека службите и комисиите за спроведување на јавната набавка, својата работа ја вршат чесно, совесно и најодговорно.“

Собранието расправаше и за интерпелацијата за министерката, но како и сите такви обиди на опозицијата во изминатите години, таа не помина.

Лустрацијата се „сведе“ само на судијата Трендафил Ивановски?

Една од темите кои беа присутни во подолг период, ако не и постојано, беше лустрацијата. Почна во јануари со судиите, правобранителите и обвинителите, кои требаше да дадат
Проектот Скопје 2014 чини толку колку што украдовте
од ТАТ.
изјава заверена на нотар дека не биле соработници на тајните служби. Во март Уставниот суд пресече - периодот за кој ќе се испитува кој бил кодош, да биде од 1945 до 1991, а не до 2008, како што се предлагаше во законот. Најбурно сепак беше во септември, кога комисијата за лустрација донесе одлука дека претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски соработувал со тајните служби. Тој ги отфрли ваквите обвинувања и одби да ја напушти функцијата:

„И испадна целата лустрација некој да ја сведе со една фабрикација на еден носител на функција која е битна функција со што сака да се каже дека лустрацијата во Македонија е исполнета и заврши.“

Во наредниот период овој процес тргна во поинаква насока. Имено, во неколку наврати се појавуваа луѓе, медиуми или партии, кои тврдеа дека од „некаде“ добиле документи со кои се докажува оти одредени пратеници и високи функционери на ДУИ биле кодоши. Комисијата ги отфрли како неверодостојни ваквите документи, а лидерот на ДУИ Али
И испадна целата лустрација некој да ја сведе со една фабрикација на еден носител на функција која е битна функција со што сака да се каже дека лустрацијата во Македонија е исполнета и
заврши.
Ахмети, во интервју за нашето радио, досиејата за нивната наводна соработка со тајните служби ги нарече безвредни памфлети:

„Мислам дека цела оваа историја и хистерија што се случува ќе има крај. Институциите на државата треба да се загрижат за овие безвредни памфлети кои и се делат на јавноста. Ние сме претпазливи и одговорни кон оваа ситуација што се создаде. Како прво, не сакаме да бидеме поттикнувачи на конфронтација меѓу луѓето. Ги повикуваме сите граѓани да бидат умерени и ладнокрвни, истовремено очекуваме од сите државни институции како и експертите во одредени области да се обелодени вистината.“

Терористи или криминални банди?

Кон крајот на април и почетокот на мај се случија неколку инциденти кои сериозно ја подзанишаа безбедносната состојба и како и секогаш во такви случаи, ја подигнаа и тензијата во меѓуетничките односи. Најпрвин, кај скопско Блаце во граничниот регион кон Косово, полицијата пронајде неколку складови со оружје, муниција, и друга воена опрема. Неколку дена подоцна во оружен судир меѓу полициска патрола и криминална група кај село Радуша беа убиени сите четири члена на таа група. Во нивното возило беше пронајдено големо количество оружје.

Оружјето пронајдено кај Блаце

„Се работи за група која има потенцијал да направи поголеми закани по општата безбедност на граѓаните. Се работи за екстремистичка група чија цел не е исклучиво Македонија туку има за цел дејствување во поширокиот регион“, изјави по инцидентот министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Потоа следуваше акција на полицијата во тетовско Ново Село, каде што беа запленети оружје, муниција и експлозив, а четири лица беа приведени. Фактот што сите овие инциденти се случија во краток период ги поттикна стравувањата за можна дестабилизација на земјата, а некои одеа до таму што предупредуваа и на повторување на настаните од 2001-та година. Реагираа и меѓународните претставници во земјава со заедничко соопштение, а амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро во интервјуто за Радио Слободна Европа, на прашањето дали може да ни се повтори 2001-та, рече:

„Не мислам дека постои каква и да е можност да се повтори тоа денеска, не во истиот формат. Насилството нема да му помогне на никого. Тие што мислат дека на тој начин ќе постигнат нешто, ќе наидат на осуда од меѓународната заедница. Во 2010 не треба да има каква и да е употреба на насилството. За се може да се разговара, да се дебатира. Понекогаш прогресот се постигнува бавно, мора да се има трпение. Единствениот начин да се превенира таква ситуација е да се стави јасно до знаење дека какво и да е насилство нема да му донесе корист никому.“

Без решение за стечајците

„Следниот вторник нема вака да сме мирни, ќе има порадикални чекори. Или каменување или со јајца фрлање по владата.“

Протести на стечајците пред Владата. Решение се уште нема

Ова беше изјавата на Лилјана Георгиевска, лидерката на стечајните работници кои од владата бараат да го реши нивниот статус, односно да им додели по 100 евра месечен надомест до пензионирање. Нивните протести се одржуваа речиси секоја недела, се
Следниот вторник нема вака да сме мирни, ќе има порадикални чекори. Или каменување или со јајца фрлање по владата.
повторуваа истите непријатни сцени предизвикани од блокадата на улиците во центарот на Скопје, но за нивниот случај се уште нема разврска. Тие најверојатно немаше да влезат ни во овој наш преглед, доколку на 1 јули не се случеше инцидентот во Собранието, непосредно по гласањето за законот за надомест за стечајците, кој беше отфрлен од мнозинството. Опозицијата обвини дека полицаец во цивилка го снимал нивниот разговор со претставници на стечајците, кои присуствуваа на седницата. Потоа дојде до вербален инцидент и кошкање меѓу неколку пратеници и полицаецот:

„Се случи досега невиден преседан, се случи силување на демократијата и силеџиско деградирање на парламентарната демократија“, изјави Јани Макрадули од СДСМ.

На тоа возврати министерката Јанкулоска:

„Службеник распореден на обезбедување на работата на Собранието бил попречен во извршување на своите редовни работни задачи при што била загрозена неговата лична безбедност и бил оневозможен да ја заврши работната задача што му била доверена.“

Кој беше виновен за инцидентот, е прашање на кое сеуште нема одговор, иако по многу одложувања и надмудрувања, беше формирана и анкетна комисија за расветлување на случајот, која одржа неколку седници.

Опозицијата во битка за предвремени избори

А дека година без избори во Македонија е како „маж без мустаќи“, се обиде да ни докаже опозицијата предводена од СДСМ, со нивната серија митинзи почната симболично на 11-ти октомври во Прилеп. Основно барање на овие собири беше распишување предвремени избори поради, како што рекоа, катастрофалната политика на владата.

Митинг на СДСМ

„Порака сега и од мене, не само од вас, до Груевски - биди барем еднаш одговорен пред сопствениот народ, прифати ја оваа подадена рака, ајде да одиме на избори, Македонија сака избори, народот бара да одлучува за својата иднина. Сакаме избори!“,
Порака сега и од мене, не само од вас, до Груевски - биди барем еднаш одговорен пред сопствениот народ, прифати ја оваа подадена рака, ајде да одиме на избори!
побара лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на декемврискиот марш во Скопје.

Но, одговорот на владејачката коалиција на ова барање беше негативен.

„Практично човекот што го создаде најголемиот хаос во Македонија денеска се претставува и промовира како човек кој што би ја извадил земјата од некаков хаос, како што го нарекува“, изјави премиерот Никола Груевски.

За тоа се расправаше и во Собранието, но епилогот беше однапред познат, со оглед на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја имаа поддршката и од партнерот во владата ДУИ:

„Решение за името, па потоа избори“, рече кратко портпаролката на оваа партија Ермира Мехмети.

Името

А она што се случуваше во врска со прашањето за името во изминатата година беше во стилот топло-студено. Првите шест месеци минаа во убедување од страна на меѓународната заедница дека проблемот мора да се реши до јунскиот самит на Европската унија.

„Во првата половина на 2010 година очекуваме македонските власти да го иследат и да го решат овој проблем што трае веќе 18 години. Сега е најдобар момент за тоа“, изјави американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер.

Со слични пораки при нивните посети на Скопје излегоа и тогаш избраниот еврокомесар за проширување Филе, претседавачот на Унијата, шефот на шпанската дипломатија Моратинос, првиот човек на НАТО Расмусен. Дојдоа и понуди од неколку земји и политичари за посредување во македонско- грчкиот спор:

„Секоја помош е добредојдена, секој интерес го гледаме добронамерно, но сепак би кажал дека по ова прашање, реториката и усните најави дека некој сака да и помогне на Македонија да го реши прашањето што е наметнато од Грција, не е доволна, има една поговорка која вели: Многу бабици, килаво дете“, беше одговорот што на тие понуди го даде министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Метју Нимиц

„Не би можел да кажам ниту помал ниту поголем оптимист од претходно. Затоа што проблемот е долгорочен, долго време го очекуваме финалето на тој проблем и останувам со исчекување да дојде до решение на проблемот“ беше оценката на Груевски по една од неколкуте средби со неговиот грчки колега.
А за владиниот и за неговиот став за овој проблем, тој вели:

„Ние како Влада и како политичка партија сме силно фокусирани да најдеме нешто што нема да ги загрози националните и државните интереси и да биде поставено на референдум. Ако на референдум биде поставено прашањето: Република Северна Македонија за севкупна меѓународна употреба јас би гласал против.“

Проретчија средбите со медијаторот Метју Нимиц, а зачестија контактите меѓу двајцата премиери Груевски и Папандреу.

Нерешениот спор со Грција и натаму е пречка за евроатланската интеграција на Македонија. На самитот на НАТО во ноември беше повторен заклучокот од Букурешт 2008 година дека ќе станеме членка на Алијансата веднаш откако ќе го затвориме ова прашање. Слични беа заклучоците и на самитот на ЕУ во декември, како и во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава. Опозицијата ја обвинува владата дека од лидер во регионот, дојдовме до дното:

„Бевме лидер во регионот пред пет години, сега може само да се радуваме на успесите на нашите соседи. Нашата погубна надворешна политика не закова на дното“, вели Владо Бучковски од СДСМ.

Случај А1

Сепак, Самитите на ЕУ и на НАТО паднаа во сенка на настаните во А1 телевизија од 25 ноември и 23 декември. Контролата на финансиското работење на неколку фирми кои се доведуваат во врска со сопственикот на оваа телевизија Велија Рамковски, од страна на финансиската полиција и УЈП, предизвикаа немили случувања во објектот, а подоцна и голем број реакции од сите страни. Сите овие случувања резултираа со приведување на Рамковски и управителите на неколку фирми лоцирани на улица Перо Наков, меѓу кои и од А1 и весниците Шпиц и Време.

Надеж за повесели вести

И за крај. Заедно со желбите за успешна Нова година и надеж дека на крајот на оваа година главни информации во нашиот преглед ќе бидат оние од типот: Горан Пандев стана европски и светски клупски шампион во фудбал, Овации за Хамлет на Драмски театар во Англија, Симон Трпчески во Париз доби награда за најдобар концерт, Никола Ристановски прави „растур“ со неговиот „Дервиш“.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG