Достапни линкови

Да се потсетиме на сите убави и помалку убави моменти од 365-те дена што се зад нас.

Почитувани дами и господа, радиослушатели, фејсбук манијаци и твитерџии, дрматори и буџетари, политичари и оратори, синдикалци и стечајци, пензионери и социјалци, големи патриоти и уште поголеми предавници, културни работници и градежници, ... селани и граѓани, попови и оџи... судии и судени, Македонци, Албанци,Турци, Власи, Роми, Срби и сите други - НЕКА НИ Е СРЕЌНА И ВЕСЕЛА НОВАТА 2011 ГОДИНА!!! Со бистра глава, чисто срце и голема верба дека пред нас е една година во која ќе ни се исполнат барем дел од нашите надежи и дека ќе ни остане барем малку ум во главите, да се потсетиме на сите наши убави и помалку убави моменти од оние 365 дена што се зад нас.

Минатата година ја почнавме пијано. Резултатите од прославата ни ги соопшти директорот на клиниката за токсикологија, доктор Андон Чибишев.

„Имаме своевиден рекорд по бројот на третирања на лица со акутно труење со алкохол кои се обратиле за помош во нашата установа. Па, немало многу прејадени, ама прејадените веројатно денеска ќе доаѓаат.“

Рекордна сиромаштија, невработеност...

Оваа година по се изгледа ни беше година на рекорди – рекордна сиромаштија, рекордна невработеност... Се рекорд до рекорд. Сепак, за влез во Гинисовата книга се потрудија жителите од штипското село Сарчиево. Тие го сварија најголемиот казан со грав. Главниот готвач Љупчо Гиевски не го криеше задоволството од рекордот.

„Од овој македонски рецепт јадел и Александар Македонски.“

Иако гравот од Јужна Америка во Европа е донесен 19 века по смртта на Александар Македонски, не се сомневаме дека би сакал да проба. Ако не за друго, барем за рекордот.

Забрана за пушење

Со почетокот на годината почна и забрана за пушење. Под притосок на јавноста, власта малку се пишмани па дозволи пушење во летните бавчи. Пушењето во кафеаните остана резервирано за пратениците, министрерот за здравство, директорот на УЈП... Опозицијата и кафеанџиите побараа блага либерализација - да може да се пуши во одреден дел од кафеаните. Пратеникот Влатко Ѓорчев многу сликовито опиша зошто не се согласува со таквиот предлог.
Во ова прашање, реториката и усните најави дека некој сака да и помогне на Македонија да го реши прашањето за кое што е наметнато од Грција не е доволно. Има една поговорка на македонски јазик, незнам каква е на словенски која што вели: Многу бабици, килаво дете.


„Дали евентуално Вие би се согласиле да пливате во базен во кој што мокрењето во една половина ќе биде дозволено, а во друга половина нема да биде дозволено.“

Минатата година ја донесе и забраната за пушење

„Значи не може да ги поистоветуваш пушачите со мочковци. Ако си ти мочко немој тие што пушат да ги навредуваш...“

Реагираше пратеникот Владо Бучковски, па потоа се извинуваше за речникот. Сепак, како привршуваше годината и едните и другите ја заоструваа реториката.

„Одвратна личност сте вие, и во парламентот и кај граѓаните. Јас сум кока кола за вас.“

„Мајко, сопруго, свекрво, бабо, што е проблемот со тебе, што е таа агресивност кај тебе да тепаш мажи во Собранието.“

„Почитувана г-ѓо Бедновска, односно Бендевска, се извинувам.“

„Во Босна велат: Оди во џамија, помош бара, а во прегратки прасе им носи.“

„Каде е храброста на Васко Шутаров, да не ви треба здолниште.“

„Проектот „Скопје 2014“ чини толку колку што пари украдовте од ТАТ. Исто толку пари.“

„Половина од пратениците од овде, да ги поканите на Лебедово Езеро, ќе дојдат со костими за капење. Толку знаете култура.“

„Мислите дека облековте жолти маички, овдека како кловнови ќе прошетате и ќе викате уаааа.“

Во собранието ништо ново - политичарите „нижат“ гафови

„Не сум јас како вас, не носам десет дена една иста кошула.“
Ако на референдум биде поставено прашање, Северна Република Македонија за севкупна меѓународна употреба, јас би гласал против.


А, на народот никој не му се извини.

„Скопје 2014“

Главна сеирџиска занимација ни остана и проектот „Скопје 2014“. Ги добивме Гоце и Даме, Тимон и Пумба, постаментот на коњаникот го кренавме во небеса, а на директорот на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор низ глава му се вратат женски гаќи:

„На подземната траса од Кензо Танга се граделе објекти.“

Името
- статус кво

Со Грците, стара песна. Тие запнале географски, а ние историски. Предлогот од Нимиц, како Годо. Ние го чекаме, а тој никако да дојде. Се з’гнаа и комшииве да ни помогнат и толку.

„Во ова прашање, реториката и усните најави дека некој сака да и помогне на Македонија да го реши прашањето за кое што е наметнато од Грција не е доволно. Има една поговорка на македонски јазик, не знам каква е на словенски која што вели: Многу бабици, килаво дете.“

А, премиерот Груевски е зимурлив.

„Ако на референдум биде поставено прашање, Република Северна Македонија за севкупна меѓународна употреба, јас би гласал против.“

Пролет, лето...

Ветрот дувна, го стопи снегот, езерото тргна по чаршија кон Чинарот, а градоначалникот на Охрид Аце Петрески ја дувна во Австралија, да го „кросне оцеано“. И, додека власта и опозицијата дремеа во подрумите во Пештани, овој „бабачко“ мораше да си го прекине работниот одмор.

„Тие луѓе според мене не треба само кривично да одговараат, не треба само политички да одговарат, тие треба харикири да извршат за она што му направија на Охрид и на Охридското Езеро.“

А, неговиот колега Коце Трајановски кога виде колку е саатот реши скопјани да си ги задржи дома. Со песок од Албанија им направи плажа на Вардар.
Траеше тој афект подолго време, од 25-ти, и ние мислам претеравме, мислам дека и новинарството се претера.


„Оваа плажа наменета е за сончање, наменета е за рекреација, за уживање и за одмор. Слично како што има низ многу градови низ Европа.“

А, тие побрзаа да му возвратат и ја нарекоа Коцекабана.

Со летото започнавме и да се лустрираме. Нашки, македонски, цветно-градинарски. Единствена жртва за сега е претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски. Додека го мислевме дека е на бања, тој демек пишувал извештаи за УДБА, велат лустраторите.

„Мојот случај не само што не е ниту налево, ниту надесно, туку нема никаков печат, никаков штембил, никаков потпис.“

Есенва продолжи „бракот“ помеѓу власта и медиумите. Овде не мислиме на некој таму:

Случајот „Рамковски“ ја ,,зачини" минатата година

Миленко Неделковски:
„Предавник заслужува говор на омраза, заслужува и полошо.“

Јадранка Костова: „Добро, тоа е исто како радикалниве исламисти. А зошто не формирате здружение за ликвидација на непријатели?“

Миленко Неделковски: „
Тоа е следно.“

Туку она што е во овој случај, службата роди работа за дружбата:

Борјан Јовановски: „Министерката да даде оставка без дилема и благодарам и исклучете го Иво Котевски. Толку беше Иво од демократија. Режија, исклучете го Иво Котевски.“

Велија Рамковски: „Траеше тој афект подолго време, од 25-ти, и ние мислам претеравме, мислам дека и новинарството се претера.“

А кога сите помислија дека 2010-та е безнадежна, се појави „Надеж“. Црвенковски додека бил претседател „фрлил“ 300 илјади евра за стратегија како повторно да стане калиф наместо калифот:

„Одлуката јас ја донесов, зад неа стојам, таа одлука е законски чиста и од тој аспект, око не ми трепнува за се ова што се случува.“

„Метла“ во Министерството за култура

Со државните пари уште поубаво се снаоѓа власта, само што тие ги враќале. На пазарџиите им бараат фискални, а министерката Канческа Милевска, оперира со кеш:
Јас како државен секретар средствата ги имам вратено, во министерството за култура, тука ми се каса исплати каде што сум ги вратила тие средства.


„Јас како државен секретар средствата ги имам вратено, во Министерството за култура, тука ми се каса исплати каде што сум ги вратила тие средства.“

Конечно кога помисливме дека се ближи крајот и дека нема да има никакви други изненадувања за трилерот да биде комплетен ете ти го човекојадецот од под Беласица:

„Да им кажеме исто така, беше Заев, апсениот Заев, живи луѓе има да јадеме.“

Благодариме г-дине Заев, но денеска е 1 Јануари, на овој ден според славеничката традиција следуваат кифлички, руска салата, а богами и сарма.

Случај А1

А кога сме кај лапачката, на Велија му преседнаа мекиците од кај премиерот Груевски:

„Диктатурата на дело. На Груевски демократијата, еве ова е.“

Да, да, беше и помина драги наши, но само за лани. Како стојат работите, циркусот се враќа во градот, веќе од утре, најдалеку од задутре. Само ќе има ли кој да го пречека ако 45 отсто од младите мислат да му ја здувнат?!

Како и да е - Да сте ни живи, здрави и весели.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG