Достапни линкови

Македонско - грчката средба за името на 9 фебруари


Macedonia – UN mediator Matthew Nimetz, Skopje, 24Feb2010

Macedonia – UN mediator Matthew Nimetz, Skopje, 24Feb2010

Посредникот на ОН во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц закажал состанок со преговарачите на двете земји на 9 февруари во Њујорк.
Канцеларијата на портпаролот на ОН соопшти дека други детали за состанокот ќе бидат познати пред одржувањето на средбата.
Шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов на 1 Јануари изјави дека македонската страна верува оти ќе се најде решение и затоа и учествува во овој процес. Тоа според професор Димитар Мирчев значи дека македонската страна испраќа порака до Грција и до Нимиц дека се спремни на компромис за изнаоѓање на решение за спорот.
XS
SM
MD
LG