Достапни линкови

И „останатите“ сакаат член во Државната Пописна Комисја


Уставен суд - нова зграда во градба

Уставен суд - нова зграда во градба

Повеќе здруженија на граѓани што функционираат во рамки на Сојузот на здруженија на граѓани - мрежа за мултикултурно општество, поднесоа иницијатива до Уставниот суд да ја оцени уставноста и законитоста при именувањето членови на Државната пописна комисија.
Овие здруженија, кои во рамки на пописот од 2002 година се изјасниле како „останати“, а зад кои стојат 20.933 граѓани, бара свој претставник во Државната пописна комисија, право што според нив, им припаѓа согласно Уставот.
Основачи на Сојузот на здруженија на граѓани - Мрежа за мултикултурно општество се Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Заедницата на Црногорците во Република Македонија, Словенечко здружение „Франц Прешерн“, Сојузот на Балкански Египќани, Заедницата на граѓани - руски сонародници во Република Македонија „МР-Мост“, Здружението на Украинците во Република Македонија „Лисја Украинка“, Ерменската заедница во Република Македонија и Полско здружение во Република Македонија „Клуб Полонија“.
XS
SM
MD
LG