Достапни линкови

logo-print

Тензии на Брегот на Слонова Коска


Тензиите на Брегот на Слонова Коска меѓу воените сили лојални на досегашниот претседател Лаурент Гбагбо и меѓународната заедница се во пораст. Мировниците на Обединетите нации во земјта се пожалија на злоупотреба на човекови права и Европската Унија веднаш спроведе санкции, односно спроведе визна забрана за Гбагбо и 18 негови најблиски соработници.Тој го отфрли барањето на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун да се откаже од претседателската функција и им нареди на мировниците да ја напуштат земјата. Мировниците одбија да се повлечат и тврдат дека безбедносните сили на Гбагбо се инволвирани во неколку киднапирања и убиства .
XS
SM
MD
LG