Достапни линкови

Нов генерален штрајк во Грција


Денеска во Грција се одржува генерален штрајк, 7-ми оваа година поради мерките за штедење што ги спроведува владата со цел да го намали огромниот буџетски дефицит. Стотици илјади луѓе излегле на улиците на грчките градови. Поради штрајкот парализирани се воздушниот, железничкиот и поморскиот сообраќај, а не работат училиштата, судовите, банките и аптеките, додека болниците се со редуциран кадар. На протестите се приклучиле и новинарите и адвокатите.
XS
SM
MD
LG