Достапни линкови

Расмусен:ЕУ да се приближи кон Турција


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска во Брисел дека земјите од ЕУ треба да склучат договор за безбедност со Турција и на Анкара да и се даде место во Европската агенција за одбрана, а потоа поконкретно да се настојува дека соработката ги подразбира сите земји од НАТО и ЕУ. Расмусен додаде дека основниот проблем спорот околу кипарското прашање се уште постои и неопходно е да се преземат конкретни мерки, за да се надмине тој турско-кипарски проблем, кој пречи ЕУ и НАТО да имаат нормални односи.
XS
SM
MD
LG