Достапни линкови

Лидерите на Кина и Јапонија разговараа за намалување на тензиите


Токио соопшти дека стои „ цврсто на својот став“ за спорните острови кои ги креваат тензиите меѓу Јапонија и Кина. Лидерите на двете земји, кинескиот претседател Ху Џинтао и јапонскиот премиер Наото Кан и денеска на кратко се сретнаа на маргините на Азиско-Пацифичкиот Економски форум за да ги намалат тензии кои настанаа поради спорните острови. Потпаролот на јапонскиот премиер Тетсуро Фукујама изјави дека со оваа средба е направен „чекор напред“ кон подобрување на односите на двете земји. Тенизиите почнаа да растат пред два месеца откако беше уапсен кинески капетан на рибарски брод кој се судри со јапонски патролен чамец.
XS
SM
MD
LG