Достапни линкови

Медведев загрижен од нуклеарните амбиции на Северна Кореја


Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека Москва е загрижена од нуклеарната програма на Северна Кореја, истакнувајки дека северно-корејскиот полигон за тестирање е на само 100 километри од руска територија. Во интервјуз а еден јужно-корејски медиум, Медведев оцени дека нуклеарните амбиции на Северна Кореја создаваат политички и воени тензии во регионот. Инаку, овој проблем ќе биде една од темите на маргините на самитот на Г 20 во Сеул, а на кој ќе учествува и американскиот претседател Барак Обама, како и генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG