Достапни линкови

logo-print

Алави бара да се дефинира партнерството пред да се формира Влада


Поранешниот ирачки премиер Ијад Алави изјави дека прво мора да се дефинира вистинското значење на национално партнерство за земјата. Тој истакна дека партнерство треба да биде балансирано и да се грижи за капиталот и да не прави разлика меѓу граѓаните по ниедна основа затоа што како што вели ние сме Ирачани кои живеат во една земја која треба да се нарекува Велики Ирак. Ирачките политички лидери денеска одржаа состанок во обид да го решат 8 месечниот проблем со формирање на Влада, но не постигнаа договор. Состанокот што се одржа во главниот град на курдскиот регион во Ирак, Арбил е првиот јавен состанок на кој на иста маса седнаа политичарите од сунисткиот и шиитскиот блок. Во Ирак се уште не е формирана Влада, затоа што ни една партија на парламентарните избори во март не освои доволно гласови за може сама да формира влада.
XS
SM
MD
LG