Достапни линкови

logo-print

Уапсени осомничени за терористички напад во Авганистан


Авганистанските безбедносни сили привеле тројца осомничени за планирање и помагање при организација на самоубиствен бомбашки напад врз зграда на Обединетите Нации. Потпаролот на дирекцијата за државна безбедност, Сајед Ансари изјави дека еден од приведените е Ноор Мохамед , кој е одговорен за транспорт на четворица бомбаши- самоубици кои облечени како жени и полицајци планиралале да влезат во претствништвото на ОН во Херат на 23 октомври. Сите четворица се убиени , а немало жртви меѓу вработените во Обединетите Нации. Нападот требало да биде извршен под наредба на талибански лидер.
XS
SM
MD
LG