Достапни линкови

logo-print

Заменик-министерот за одбрана полесно повреден во сообраќајка


Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев е полесно повреден во сообраќајна несреќа што се случи денеска на излезот од Кратово, кај месноста Чатал.
Полицијата соопштува дека до несреќата дошло при судир на службеното возило „сузуки витара“ управувано од Димитриев и патничко возило „шкода октавија“ со скопски таблички.
Во несреќата се повредени и возачот на шкодата и неговата ќерка кои заедно со Димитриев се пренесени во Здравствениот дом во Кратово, од каде по укажаната лекарска помош се пренесени во Градската болница во Скопје.
Според првичните информации, Димитриев се здобил со полесни телесни повреди.
XS
SM
MD
LG