Достапни линкови

logo-print

Почнаа насилствата на геј-парадата во Белград


Брутално е претепан еден од организаторите на денешната геј-парада во Белград, Бобан Стојановиќ, јавуваат српските медиуми. Тој бил претепан изутрината пред својот дом.
Полесно е повреден и новинарот на Радио Слободна Европа Џемс Кирчик. Тој добил удар во главата додека ја фотографирал групата противници која се обидувала да го пробие полицискиот кордон и да стигне до местото каде што се собираат учесниците на парадата.
Поради страв од насилство на геј-парадата, на улиците на Белград се распоредени бројни полициски сили. Централните градски улици се затворени за сообраќај уште од 4 часот изутрината. Се очекува на парадата да учествуваат околу 1000 луѓе.
Десничарските организации во Србија побараа забрана. Вчера во Белград имаше и протест против одржувањето на собирот.
Учесниците на геј-парадата во Белград во 2001 беа нападнати и претепани. Минатата година, планираната парада не се одржа поради безбедносни закани.
XS
SM
MD
LG