Достапни линкови

logo-print

Кинеската влада и денеска со протести против нобеловецот


Кинеската влада денеска ја продолжува кампањата против доделувањето на нобеловата награда за мир на дисидентот Лиу Ксиаобо. Државниот кинески весник Глобал Тајмс ја осудува одлуката на норевешкиот нобелов комитет, оценувајки ја како арогантна и насочена против Кина. На норвешкиот амбасадор во Пекинг вчера му беше вложен протест, а кинеските власти најавија дека би можеле да бидат влошени односите меѓу Кина и Норвешка. Соединетите Држави и Европската унија ја повикаа Кина да го ослободи нобеловецот Лиу Ксиаобо, кој лани беше осуден на 11 години затвор, под обвинение дека работел против комунистичкиот режим.
XS
SM
MD
LG