Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници...
Весници, магазини, неделници...

Процесот на лустрација и случајот со уставниот судија Трендафил Ивановски, главна тема во дневните весници изминативе денови.

„Лустрацијата на македонски начин“ е топ тема во медиумите во изминатава седмица, откако Комисијата си го кажа храбро првиот наводен кодош во Македонијава со име и презиме. Тој јавно ги образложи своите контрааргументи, а премиерот го стави под прашање кредибилитетот на Уставниот суд.

Утрински, во насловот наведува дека „Премиерот е во отворена војна со Уставниот суд“, а дека Судот, од своја страна, возвратил дека премиерот излегол од своите надлежности и дека како извршна власт нема право да го цени неговиот легитимитет. Дневник насловува дека „Лустрацијата е искористена за напад врз Уставниот суд“, а Време заклучува дека „Лустрацијата се претвори во
Политичките есапи од Скопје прават Бејрут.
политички процес“. Само Вечер, на насловната излегува со името и презимето на претседателот на Уставниот суд и потврдата на Комисијата за лустрација дека, „Трендафил Ивановски бил кодош“.

Панданот на Владиниот проект „Скопје 2014“ - Плоштадот Скендербег што општина Чаир со поддршка на ДУИ планира да го прави на левата страна на Вардар, за сите македонски медиуми е потврда дека главниот град се дели по етничка линија, и тоа од страна на политичарите и партиите. „Лопатите на политичарите го раскопуваат меѓуетничкиот јаз“, пишува Утрински, а Нова Македонија е уште поостра - „Политичките есапи од Скопје прават Бејрут“, гласи насловот во овој весник. Време, пак, најотворено констатира дека „Груевски и Ахмети го делат Скопје“ заради мир во коалицијата.

Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски се брани пред Комисијата за лустрација дека не соработувал со тајните служби

Нова Македонија објавува интересен напис за „Есенско сценарио за уривање на Груевски“, при што ја обвинува опозиционата СДСМ дека кон крајот на ноември, кога ќе биде објавен извештајот на ЕУ за Македонија и по констатирањето дека нема да има датум за преговори поради нерешениот спор со Грција, СДСМ планирал иницирање на граѓански нереди со помош на некои странски амбасади. Од кои извори и' се овие информации, Нова Македонија не наведува.

Време, пак наводно знае дека со тоа што посредникот Нимиц „отворено кажа дека спорот за името наскоро нема да биде решен, е испуштена можноста до крајот на годинава Македонија да влезе во ЕУ и во НАТО“.

Вечер продолжува да се занимава со ’дружбата‘ помеѓу Црвенковски и Рамковски. Овој пат текстот е со наслов: „Некои партии имаат свои медиуми. А1 ТВ има своја партија - СДСМ“.

Дневник ја коментира својата анкета, која покажа дека и покрај големиот процент анкетирани кои сметаат дека живеат полошо во последниве две години, тоа не влијае на рејтингот на Груевски и на владејачката партија - тие се' уште да имаат двојно повисок
УЈП тргнува во нова казнена
офанзива.
рејтинг од Црвенковски и од СДСМ. Главниот уредник на весникот тоа го толкува со, како што вели, патриотските поени на Груевски што ги добива со острата реторика со Грција и со меѓународниот фактор околу проблемот со името.

Сите медиуми реагираат на новите законски овластувања на Управата за јавни приходи. Дневник, на пример забележува дека „УЈП тргнува во нова казнена офанзива“ и дека ќе испумпа најмалку 4 милиони евра од граѓаните и фирмите собирајќи ги неплатените казни за судски, прекршочни, парнични и управни спорови.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG