Достапни линкови

Лустрацијата предизвика бура


Кои бил кодош, соработник на тајните служби?

Кои бил кодош, соработник на тајните служби?

Ова е кастрација а не лустрација, изјави Претседателот на Уставниот Суд. Експертите - лустрацијата мора да се спроведе.

Не е вистина дека сум соработувал со тајните служби, изјави претседателот на Уставниот суд на денешната седница на Комисијата за лустрација. Претходно Комисијата го утврди спротивното.

Тој тврди дека се работи за вешто исконструиран атак и хајка, политичка пресметка и обид за дискредитација „на носител на раководна функција во институција што не потпаѓа и не постапува по политички диктат“.

„Премногу наивно е да се поверува и прифати дека единствениот што треба да се лустрира, барем засега, е првиот човек во заштитата на уставноста и законитоста“, рече Трендафил Ивановски.



Тој вели дека со начинот како што се постапува во конкретниот случај не само што не се врши лустрација, туку се врши „кастрација“ на здравиот ум.

Ивановски најави дека откако Комисијата ќе донесе заклучок ќе се жали до Управниот суд, а потоа и до Врховен суд.

„Шпионите“ ја преокупираа јавноста.

Премиерот со отворено писмо - да рсчистиме со кодошите


Темата лустрација ги зафати сите - и медиумите и политичарите и обичните граѓани, сите зборуваат за кодошите, за тоа кој бил доушник, кој не бил, се прашуваат кој политичар бил соработник на тајната служба. Освен медиумите, политичарите, експертите на групата загрижени за лустрацијата се приклучи и премиерот Никола Груевски тој објави јавно писмо до како што ги нарекува, противниците на лустрацијата. Во писмото тој повика кодошите да излезат на виделина. Експертите согласни дека лустрацијата е многу битен процес.

Професорот Звонимир Јанкуловски вели дека во земјата има ситуација на одрекување на процесот на лустрација. А се што се случува покажува недоследности и неможност процесот да се одвива непречено, вели Јанкуловски:
Не мислам дека е тоа за да се пренасочи вниманието од другите проблеми затоа што ова е централниот, ако ова го немате решено, тогаш другите проблеми ќе ви стојат отворени, секогаш некој ќе може да биде манипулиран или да манипулира со јавноста


„Така што реакцијата на премиерот е токму во таа конотација, дека процесот мора да тече, барем се надевам дека е во таа конотација и дека од процесот неможе да биде исклучен никој.“

Но, бурата што ја предизвика лустрацијата во општеството не е за да се пренасочи јавноста од другите проблеми, смета Јанкуловкски.

„Не мислам дека е тоа за да се пренасочи вниманието од другите проблеми затоа што ова е централниот, ако ова го немате решено, тогаш другите проблеми ќе ви стојат отворени, секогаш некој ќе може да биде манипулиран или да манипулира со јавноста.“

И професор Осман Кардиу вели дека лустрацијата е битен процес, но не треба да се меша со другите прашања и проблеми кои ги има државата.

„Посебно прашањето за името, прашањето за нашата интеграција во структурите на НАТО, нашето зачленување во ЕУ, затоа што лустрацијата е една од активностите на нашата држава што треба да се спроведе, затоа што тоа е еден стандард, императив.“

Кадриу не очекува некои голем резултати од спроведувањето на законот. Според него излезот е или во нова Комисија или во нов закон.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG