Достапни линкови

Ивановски - Монтиран процес


Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски се брани пред Комисијата за лустрација дека не соработувал со тајните служби
Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски се брани пред Комисијата за лустрација дека не соработувал со тајните служби

Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски обвини за политички монтиран процес. Комисијата за лустрација го сомничи за соработка со тајните служби.

Мене ми е чист образот и не сум направил ништо. Bака се произнесе претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски на седницата на Комисијата за лустрација. Комисијата му доставила заклучок дека се сомневаат оти Ивановски бил соработник на тајните служби. Тој денеска пред членовите на Комисјата го бранеше своето досие.


Според Ивановски целиот прецес кој се води против него е монтиран, уште на самиот почеток не му ја почитувале пресункцијата на невиност, во досието имало фалсификувани документи, а сите наведени дејствија во досието се кога судијата бил малолетник. Ивановски обвинува дека имало и политички опструкции. Судијата вели дека Комисијата сака да го лустрира затоа што во младите години се борел за независност и за обединување на Македонија.

Трендафил Ивановски - изјава
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:09 0:00


„Четириесет и една година работам, сум студирал, секој може да го констатира тоа во јавноста дека на болва не сум настапил, а некој има интерес поинаку да го прикаже тоа.“

Во врска со изјавите на премиерот Никола Груевски за процесот против Уставниот судија, Трендафилов вели:

„Настапот на премиерот во претходните два дена е преседан кој е нон сенс, бидејќи се осврна на тоа: што работело тоа лице, квалитети. Нека му е јасно што сум работел, тоа се факти, тоа се одлуките на Уставниот суд, а дали тие ќе му се допаднат е друга работа. Уште повеќе никогаш ниту Бранко Црвенковски ниту СДСМ стоел позади мене, напротив.“

Претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев вели дека во целиот случај не чувствува политички притисок и ги отфрла
обвинувањата дека Комисијата работи без резултати.

Комисија за Лустрација
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:28 0:00


„Нема такво нешто, политиката си работи и си прави што си прави, ние немаме врска со тоа. Имаме ние околу 3-4 илјади изјави, јас секојдневно давам, еве после ова имаме наредна седница каде што разгледуваме други предмети. Секојдневно доаѓаат тие, како доаѓаат така работиме.“

По произнесувањето на судијата, Комисјата прво треба да донесе решение , потоа следува период кога лицето кое се сомничи дека соработувало со тајните служби може да се обрати до суд и таму да се утврдуваат сите факти, судот треба да испрати повратна иформација до комисијата и таа конечно да одлучи.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG