Достапни линкови

logo-print

Украинската тајна полиција испрашува опозициски лидер


Украинската тајна полиција соопшти дека го испрашувала заменикот на опозициската лидерка Јулија Тимошенко, Олександр Турчинов. Тој бил испрашуван во врска со истрагата за владиниот договор за гас, вреден 2,75 милијарди долари. Турчинов беше шеф на тајната полиција во 2005 година. Тој беше вицепремиер од 2007 до март годинава и беше главен советник за разузнавање, безбедност и енергетски прашања на тогашната премиерка Тимошенко.
XS
SM
MD
LG