Достапни линкови

logo-print

Економија - бројки и реалност


Работниците не чувствуваат поволности од растот на индустриското производство. Нивните плати остануваат исти.

Приватосопствениците и Министерот за финансии Зоран Ставрески позитивно го оценуваат растот на индустриското производство, но од Синдикатите забележуваат дека бројките не се отсликале во реалноста, барем од поглед на работниците и нивните плати и примања. Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански Комори вели дека растот на производството од 8,3 проценти во месец јули, во споредба со
Растот на индустриското производство е секако еден позитивен знак за излегување од кризата ...
истиот период лани, е позитивен сигнал за економското опоравување:

,,Растот на индустриското производство е секако еден позитивен знак за излегување од кризата, ние овие индикатори ги чекаме од поодамна и сигурно ќе влеат нов оптимизам во приватниот сектор во македонската економија."

Чекреџи додава дека овој напредок може да се рефлектира и во другите сектори на економијата:

,,Економијата е една многу зависно поврзана работа и секој позитивен сигнал е добар за економијата во Македонија, ќе има меѓузависност, а овие гранки ќе повлечат и многу споредни произведувачи итн."

Раст на индустриското производство се забележа и минатиот месец, но ако се погледнат првите шест месеци од годинава споредени со првото полугодие лани, резултатите се негативни. Според одредени проценки, индустријата на полугодишно ниво е во минус за 5,3 проценти. Растот на индустриското производство посебно се забележува во металуршкиот сектор, вели Пеце Ристески од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија:
Многу потешко се случува сега како резултат на зголемениот обем на производство, да имаме повисоки примања, повисок стандард и слично


,,Значи другите дејности можеби се на некое ниво од претходната година или минимален раст, меѓутоа осетно зголемување имаме во металургијата."

Ристески додава дека единствен позитивен ефект од овој раст, од аспект на работниците, е повторното активирање на претпријатијата и фирмите и прекинување на принудните одмори на оние вработени кои биле испратени дома за време на кризата.

,,Некои посебни бенефиции во тој дел немаме, ние знаеме од каде доаѓа, бидејќи работодавачите многу полесно се одлучуваа да ги намалат платите, да пратат на принуден одмор, дури и да отпуштат работници, меѓутоа многу потешко се случува сега како резултат на зголемениот обем на производство, да имаме повисоки примања, повисок стандард и слично."

Инаку, во јули, најголем раст од 35,1 отсто е забележан во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас и вода“. Но, од друга страна, вреди да се спомене дека енергенсите поскапеа.
XS
SM
MD
LG