Достапни линкови

Синдикатот против невработеноста


Може ли Синдикатот да се избори со невработеноста и отпуштањата?

Може ли Синдикатот да се избори со невработеноста и отпуштањата?

ССМ најавува борба против невработеноста. Економистите велат дека Синдикатот нема моќ да им помогне на работниците.

Сојузот на синдикати доставил мерки до владата за намалување на бројката на невработеност и да се спречат отпуштањата на работници во земјава, а од Конфедерацијата на синдикати велат дека се уште ја разгледуваат можноста на кој начин да помогнат. Според експертите пак синдикатот нема моќ и влијание за да им помогне на работниците. Текстилците веќе најавија дека ќе има нови
Помагање на лицата што бараат вработување преку воведување на ефикасни, соодветно насочени активни политики на пазарот на трудот, подобрување на вештините и преквалификување заради подобрување на можностите за вработување.
отпуштања на есен, иако над 3 илјади работници во овој сектор останаа без работа за една година. В.Д претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски вели дека тие направиле низа предлози со кои би се отвориле нови работни места за граѓаните.

„Помагање на лицата што бараат вработување преку воведување на ефикасни, соодветно насочени активни политики на пазарот на трудот, подобрување на вештините и преквалификување заради подобрување на можностите за вработување, спроведување на националниот акционен план за вработување 2008-2010 година, особено во делот за изготвување на програми за вработување на млади образовани лица и едукативни курсеви за лицата кои што чекаат долго на вработување, а се без или нецелосно образование за нивно побрзо вработување.“

Живко Митревски, претседател на ССМ

Според претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Роско Мишкоски најпрвин треба да се дознае реалната бројка на невработени, бидејќи голем дел од пријавените во агенцијата за вработување работат на црно.

„Не може ние како Синдикат да кажеме дека таа бројка навистина соодветствува со вистинската бројка која што во моментов би била на
Ќе помине многу време за да може синдикалното движење да е влијателен фактор во обезбедувањето на правата на
вработените.
бројот на вработените. Јас мислам дека рапидно би се намалил процентот доколку навистина би се имало во предвид дека работата на црно би се намалила.“

Живееме во време кога работниците немаат никаква институционална заштита на нивните права, вели економскиот аналитичар Џевдет Хајредини.

„Ќе помине многу време за да може синдикалното движење да е влијателен фактор во обезбедувањето на правата на вработените, а уште поилузорно е дека Синдикатот може да спречи отпуштање на работници кога некоја фирма би се одлучила на отпуштање.“

Според податоците на Евростат во Македонија во минатата година 32,2 проценти од населението било невработено. Агенцијата укажува и дека во првото тромесечие од годинава стапката на невработеност и натаму расте, за разлика од податоците на Агенцијата за вработување во земјава во кои бројката на невработеност оваа година бележи пад.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG