Достапни линкови

Македонија загрозена од климатските промени


Последиците од климатските промени за Македонија може да бидат катастрофални, предупредуваат експертите и повикуваат на спроведување на законската регулатива

Македонија е мал емитер на штетни гасови но може да претрпи катастрофални последици од глобалното затоплување сметаат експертите. Еколозите велат дека последиците за земјава од глобалното затоплување се мрачни : зголемените температури ќе предизвикаат големи
За жал, мислам дека за голем дел од компании ние сме депониите на Европа, бидејќи компанија како „Окта“ не би можела ниту во најлудиот сон да помилси да има таков вид производство и особено не таков однос кон животната средина и локалното население каков што има во Македонија. Сето тоа го прави со премолчена дозвола од авторитетите
Сериозно набљудување на европските одредби кои веќе ги има во нашето законодавство. Прашањето сега е на спроведување на законите во пракса
опаѓања на родот. Некои области ќе се соочуваат со голем недостаток од вода, цели екосистеми би можеле да пропаднат, а многу видови би се соочиле со истребување. Временски непогоди, суши, шумски пожари и поплави ќе предизвикаат неповратна еколошко опустошување. Искра Стојковска од еколошката организација „Фронт“ вели дека речиси и нема индустриски објект во земјава кој ги почитува еколошките стандарди кои се дефинирани во нашите и во европските закони.

„За жал, мислам дека за голем дел од компании ние сме депониите на Европа, бидејќи компанија како „Окта“ не би можела ниту во најлудиот сон да помилси да има таков вид производство и особено не таков однос кон животната средина и локалното население каков што има во Македонија. Сето тоа го прави со премолчена дозвола од авторитетите.“

Од неодамна индустриските комплекси имаат обврска да побарааат еколошка дозвола за работа од Министертвото за животна средина.. Заменик министер за животна средина , Соња Липиткова вели дека досега таква дозвола имаат само неколку фабрики од металуршките капацитети.

„Со металуршките капацитети ние завршуваме. Сите останати помалку влијаат на климатските промени и во периодот што следува како временска рамка ќе го испочитуваме.“

Стојковска вели дека не е се во давањето на еколошки интегрирани дозволи и носење закони..

„Сериозно набљудување на европските одредби кои веќе ги има во нашето законодавство. Прашањето сега е на спроведување на законите во пракса.“

Поранешниот директор на инспекторатот за животна средина, Орхидеа Нечева, вели дека инспекторите ќе можат да го следат подобро спроведувањето на еколошките стандарди кога сите капацитетет ќе имаат дозволи, но и тука има проблем вели таа:

„Значи, тој процес, од поднесување барање до издавање дозвола би требало да трае 180 дена. Во македонски услови јас тоа би го дуплирала, значи една година, со оглед на тоа дека немаме капацитет во самото министерство, да речеме дека еден индустриски капацитет би требало да добие таква дозвола за една година.“

За индустријата во Македонија да ги спороведува законите и еколошките стандарди неопходно е поголемо ангажирање на надлежните инспекторки служби, ангажирани граѓани кои ќе предизвикаат внимание за проблемите и поангажиран невладин сектор, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG