Достапни линкови

Пожар го уништи имотот на семејството Алиевски


Семејство Алиевски чија куќа изгоре во пожар

Семејство Алиевски чија куќа изгоре во пожар

Целосно изгоре куќата на единаесет членото семејство Алиевски од кумановската ромска населба Средорек. Опожареното семејство очекува помош од надлежните во локалната смаоуправа, од Центарот за социјални работи, но и од невладините организации.

Пожарот целосно ги уништил куќата и покуќнината и сиот имот што го имало 11 членото семејство Алиевски, во кое има и четири мали деца, од кумановската ромска населба Средорек, месноста Бавчи. Без покрив над главата, шокирани и разочарани и оштетеното семејство и нивните соседи велат дека пожарот бил предизвикан од нов струјомер. Тие раскажуваат дека веќе десетина денови немаат вода, оти поради неплатени сметки „Водовод“ им ја исклучил.

„Од струја се запали и целата куќа изгоре,а направена е од просење. Немавме вода да го гасиме пожарот.“
Од струја се запали и целата куќа изгоре,а направена е од просење. Немавме вода да го гасиме пожарот

„И државата е виновна. Во ниту една земја социјалните случаи не ги плаќаат давачките со социјално од 1 000 денари“, велат Салие, Рамиза и Ахмет.

Жителите од оваа населба главно се социјални случаи. Покрај нивните диво изградени куќи нема соодветни улици, поради што и при пожари тешко пристигнуваат противпожарните возила, или пак итна медицинска помош. Револтирани се жителите, кои на реката по изградба на речното корито сами поставиле дрвено мовче кое се ниша и на ветер, а по него поминуваат и стари луѓе и мали деца. Со непристапноста до куќата и при овој пожар пожарникарите имале проблем.

„Една цистерна се заглави, а една неможеше воопшто да дојде.“
Една цистерна се заглави, а една неможеше воопшто да дојде


Бурхан Алиевски кој заедно со неговото семејство останал без ништо разочарано вели:

„Немаме каде да живееме. По 1 000 денари социјална помош примаме. Ние тројца мажи се мачиме да обезбедиме леб. По контејнери собираме шишпиња и ги продаваме за 8 денари по килограм, за д акупиме два лчеба. Немаме пари ниту за лекување.“

Опожареното семејство очекува помош од надлежните во локалната смаоуправа, од Центарот за социјални работи, но и од невладините организации.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG