Достапни линкови

Кина: потрага по исчезнатите во лизгање на земјиште


Спасувачките екипи во северозападна Кина се во потрага по повеќе од илјада и сто луѓе исчезнати во огромното лизгање на земјиштето кое однесе над 330 човечки животи. Најмалку три села биле израмнети со лавината од кал и карпи предизвикана од изобилните дождови во провинцијата Гансу. Новинската агенција Хсинхуа објави дека кинескиот премиер Вен Џиабао денеска претседавал со состанокот на врвот на Комунистичката партија, посветен на начините за справување со кризата.
XS
SM
MD
LG