Достапни линкови

Повик за заедништво пред Рамазан


Муслимански верници

Муслимански верници

Експертите коментираат дека превирањата во ИВЗ се на штета на верниците. Верските лидери повикаа на заедништво.

Пред муслиманскиот празник Рамазан, оџите од скопските џамии повикаа на заедништво, а нивниот речник кон расчинетиот оџа Рамадан Рамадани и натаму вклучува посочувања дека ги манипулира верниците, а џамијата ја користи за внесување на вехабистичкиот концепт. И Рамадани го свртува вниманието кон себе со обвинувања за финансиски малверзации во заедицата. Ваквиот тип на превирањата прави штета на самата религиска заедница и доведува до губење на довербата на верниците, коментираат експертите. Во конретниот случај тие забележуваат дека поединци, религиската платформа ја користат за исполнување на политички или материјални агенди каде е евидентно дека се работи за чиста и гола борба за превласт, за позиција и за моќ, односно за она што е различно и антипод на она што го проповеда секоја една религија:
Значи се појавува една безчувствителност кај одредени луѓе, она што е најчувствително кај човекот, а тоа е духовното чувство кај луѓето, да се злоупотребува за материјални
интереси.


„Значи се појавува една бесчувствителност кај одредени луѓе, она што е најчувствително кај човекот, а тоа е духовното чувство кај луѓето, да се злоупотребува за материјални интереси“, вели Јакуп Селимовски.

Ова не е нешто што се случува само кај нас, но е нешто против кое институциите треба да заземат став за да не ескалираат сотстојбите. Вахабистите, според нивните критичари, се сметаат како луѓе кои на терен внесуваат раздор мегу муслиманите, а тие себе се гледаат како обновувачи на вистинскиот ислам. Последната епизода во ИВЗ со инцидент, во кој физички беше нападнат скопскиот муфтија, особено го предизвика вниманието. Даниел Димевски потсетува дека иако меѓу религиите постои разлика, во сите нив постои етички кодекс кој е заеднички за сите.
Сето тоа прави огромна штета како парола на самата религиска организација, било да се случува во православниот храм, во исламската или католичката
заедница.

Илустрација: Муслимани се молат


„Вие не можете да најдете религија која повикува на омраза, на критикување, па дури и физичко пресметување со ближниот свој. Сето тоа прави огромна штета како парола на самата религиска организација, било да се случува во православниот храм, во исламската или католичката заедница.“

За Селимовски, последните превирања имаат свое очекувано последователство. Ние живеевме во систем со идеологија која беше антирелигиски настроена. По демократизирањето, дојде до спонтано ослободување од тие стеги, но поради непоткованоста со основните религиски начела се појавуваат поедици кои тоа го корстат за свои цели, вели Селимовски.

„И на меѓународен план и на нашите балкански простори религијата се злоупотребува за одредени политички или групни интереси и мислам дека тоа е во наши околности како последица на либерализирање на општеството, на системот на општеството, се појавија групи и поединци кои што сакаат тоа да го искористат за свои цели.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG