Достапни линкови

Продолжуваат судирите во ИВЗ


Верници во џамија

Верници во џамија

МВР ја следи ситуацијата со ширењето на радикалниот ислам во редовите на ИВЗ и кога ќе поседуваат докази соодветно ќе постапат.

Во оној момент кога полицијата ќе има докази за кршење на македонските закони, таа соодветно ќе постапи. Вака во полицијата ги коментираат забелешките на поглаварот на ИВЗ, Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи дека МВР е пасивно во однос на ширењето на вахабизмот во земјава и дека до сега не презело никакви мерки тоа да се спречи. Портпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека тие во континуитет ја следат ситуацијата со ширењето на радикалниот ислам во Македонија.
Во оној момент кога ќе поседува соодветни докази за да ги поткрепи основаните сомневања дека од страна на некој лица е сторено какво било кривично дело, МВР соодветно ќе постапи и ќе ги процесуира осомничените пред органите на
прогонот.


„Во оној момент кога ќе поседува соодветни докази за да ги поткрепи основаните сомневања дека од страна на некој лица е сторено какво било кривично дело, МВР соодветно ќе постапи и ќе ги процесуира осомничените пред органите на прогонот.“

Поглаварот на ИВЗ, Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи

Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, Реџепи за прв пат признава дека четири скопски џамии се под контрола на вахабистите.
Котевски вели дека МВР нема ингеренции да се меша во внатрешните проблеми на верските заедници.

„МВР, доколку добие какво било барање и извршна судска пресуда за спроведување на асистенција, ќе постапи по истата.“

Во интервјуто, поглаварот Реџепи вели дека вахабистите се инфилтрираат во политички партии на Албанците. Не се определени за ни една партија, но се обидуваат да се инволвираат во партијата што е на власт, вели Реџепи. Тој посочува дека пред избори, вахабистите нечесно обезбедуваат гласови, за одредена партија да дојде на власт да и биде нивен сервис, „за да може непречено да ја спроведуваат нивната вехабистичка идеологија“.

Минатата недела, ДПА обвини дека зад инцидентот во Иса-беговата џамија, кога група предводена од оџата Рамадан Рамадани се судри со група предводена од
Дојде преку сила како поглавар на ИВЗ, колку за потсетување тоа беше во Кондово со калашникови, со вооружени
групи.
скопскиот муфтија Ибраим Шабани, стои градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Тој, пак, вели дека не се меша во работата на ИВЗ. Меџити вели дека проблемот е во тоа што поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи дојде на тоа место на нелегален начин и поради тоа нема легитимитет, не само во Скопје туку и меѓу верниците во Македонија. ИВЗ стана политички инструмент на ДПА, обвинува тој.

Рамадан Рамадани

„Дојде преку сила како поглавар на ИВЗ, колку за потсетување тоа беше во Кондово со калашникови, со вооружени групи и тоа е вистинскиот проблем кој што преовладува во ИВЗ.“

Меџити вели дека не познава никакви вахабисти.

Оџата Рамадан Рамадани, иако е суспендиран од ИВЗ, се уште ги држи молитвите во Иса-беговата џамија. Тој вели дека сите може да дојдат да видат како ги држам молитвите. Ним им пречи мојот граѓански ангажман, а обвинувањата за вахабизам се дел од негативната пропаганда против мене, вели Рамадани.

Значи вие си го проповедате традиционалниот ислам?

„Не, јас проповедам еден ислам, тоа е исламот кој што го знам. Нема таква поделба, туку јас проповедам како и моите претходници во Иса-беговата џамија.“

Поглаварот на ИВЗ, Реџепи во интервјуто за Радио Слободна Европа, вели дека инцидентот во Иса-беговата џамија „беше кулминација на нивните антицивилизациски, античовечки, антиисламски и исклучително радикални дејства“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG