Достапни линкови

Хеликоптер со американски воени лица се урна во Романија


Воен хеликоптер со кој патувале припадници на американските Вооружени сили се урна попладнево во близина на градот Брашов во централниот дел на Романија, јавија романските медиуми. Засега нема информации за евентуални жртви, но ниту за судбината на патниците и членовите на екипажот на хеликоптерот. Повеќето медиуми објавува дека хеликоптерот бил романски, но телевизијата Реалитатја тврди дека леталото и припаѓало на израелската Армија Спасувачките екипи го лоцирале местото на падот на хеликоптерот, кое се наоѓа во планински тешко достапен регион.
XS
SM
MD
LG