Достапни линкови

Бродот со либиска помош за Газа сврти кон Египет


Израелската морнарица соопшти дека го следи и набљудува бродот кој имаше намера да вплови во појасот Газа, а кој според капенатот го сменила курсот кон пристаништето Ал-Ариш во Египет. Станува збор за молдавската Амалтеа спонозирана од Либија со пратка хуманитарна помош во сопственост на групацијата со која претседава синот на либискиот лидер Муамер Гадафи, Ислам Гадафи. На бродот имало 2.000 тони помош за Газа, 12 членови на екипажот и 15 про-палестински активисти. Израел соопшти дека од Ал-Ариш, помошта ќе биде транспортирана кон Газа.
XS
SM
MD
LG