Достапни линкови

Иванов: Геноцидот во Сребреница е опомена до идните генерации


Сите проблеми мора да се решаваат преку дијалог, да не се користи насилство и злостор за да се остварат суетите на одредени политичари, е пораката на претседателите од регионот кои присуствуваа на комеморацијата по повод 15-годишнината од воените злосторства во Сребреница. Според македонскиот претседател Ѓорге Иванов, геноцидот во Сребреница е потресно сведоштво и опомена до сите идни поколенија дека сите конфликти што завршуваат со вакви масакри никогаш не даваат резултати. Пред останките од над 700 идентификувани тела, меѓу другите, почит оддаде и претседателот на Србија Борис Тадиќ, кој смета дека оваа страница од историјата неможе да се затвори се додека не бидат осудени сите оние кои се виновни за тоа.

XS
SM
MD
LG