Достапни линкови

Општина Центар ќе ја почитува одлуката на Уставен суд


Што со проектот ,,Скопје 2014"?
Што со проектот ,,Скопје 2014"?

Општина Центар ќе ги почитува одлуките на Уставниот суд за проектот „Скопје 2014“ и кога, на писмено ќе ја добие одлуката ќе престане со градба, вели градоначалникот Владимир Тодоровиќ во разговорот за Радио Слободна Европа.

Општината Центар ќе ги почитува одлуките на Уставниот Суд и ќе престане со изградба на спорните објекти кога ќе ја добијат одлуката на писмено, вели градоначалникот на општината Владимир Тодоровиќ во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела. Тој додава дека со укинувањето на измените на последниот детален урбанистички план не е нанесена голема штета затоа што, како што вели, за дел од спорните објекти нема одобрение за градба.
Секако дека ние одлуката ќе ја почитуваме и тој план нема да биде на сила, односно по него нема да постапуваме.


„Последниот Урбанистички план предвиде дополнение на неколку катни гаражи, на Триумфалната капија, на неколку споменици, така што за сите овие што се предмет во новиот Детален урбанистички план што е поништен, не е издадено одобрение за градба и нема штета тука. Секако дека ние одлуката ќе ја
почитуваме и тој план нема да биде на сила, односно по него нема да постапуваме.“

Изградбата на објектот ,,Порта Макеоднија" ќе продолжи

Од друга стана, Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска неодамна изјави дека ќе се продолжи со подготовските за граба на Триумфаланата капија „Порта Македонија“, затоа што тој објект не е спорен.

РСЕ: „Зошто ќе се продолжи со изградбата на Триумфалната капија и со кои други објекти од проектот ’Скопје 2014‘ ќе се продолжи?“

Канческа-Милевска: „За останатите објекти не се во моја надлежност и неможам да говорам. Во однос на скулптурата ’Порта‘ можам да информирам дека
Па знаете таму во најголем дел веќе се изградени градежни дозволи и мислам дека нема да има некаков сериозен застој. Мислам дека ќе биде добро и за севкупниот проект нема да има големи
проблеми.
Министерството за култура има добиено одобрение за градба пред да се донесе одлуката од страна на Уставниот суд.“

На слична бранова должинина е и премиерот Никола Груевски кој вели дека не очекува проблеми со изградба на копје 2014.

„Па знаете, таму во најголем дел веќе се изградени градежни дозволи и мислам дека нема да има некаков сериозен застој. Мислам дека ќе биде добро и за севкупниот проект нема да има големи проблеми.“

Градоначалникот Тодоровиќ вели дека општината ќе иницира редовна постапка за донесување на нов Урбанистички план. Уставниот суд донесе одлука за укинување на последните измени на Советот на општина Центар за деталниот урбанистички план „Мал Ринг“. Според одлуката на Уставниот Суд спорни се 19 објекти - Триумфалната капија ’Порта Македонија‘, петте катни гаражи, скулптурите на мостот „ОКО“, но не и самиот мост, фонтаните во реката Вардар и уште една фонтана за која не е прецизирана локацијата, сообраќајните решенија кои нудат пристап до објектите на Кејот и музичката инсталација пред Македонската опера и балет. Во Уставниот суд велат дека со тоа што во последните измени е допрезицизирана намената на проектот на Министертвото за култура „Порта Македонија“, таа станува спорен објект и со тоа треба да се одложи градбата се додека не се отстранат недостатоците во постапката за донесување на деталниот урбанистички план.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG