Достапни линкови

Илми Селами, претседател на Aнтикорупциската Комисија


Илми Селмани
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:34 0:00

Илми Селмани

Не само Државната комисија за спречување корупција туку целокупниот систем треба да се постави фронатално во борбата против корупцијата и во таа смисла Државната комисија за спречување на корупцијата ги поздравува сите мерки што ги преземаат сите државни органи вклучувајќи ја тука и Владата и МВР во правец на превенција и репресија на корупцијата.

Кога државата најавува приведување како во последниот случај на криминал со инвалидските пензии, значи ли тоа дека институциите на системот не функционирале и дека во нив има корупција?

Мислам напротив ова е доказ дека државата, не само Државната комисија за спречување корупција туку целокупниот систем треба да се постави фронатално во борбата против корупцијата и во таа смисла Државната комисија за спречување на корупцијата ги поздравува сите мерки што ги преземаат сите државни органи вклучувајќи ја тука и Владата и МВР во правец на превенција и репресија на корупцијата, само на таков начин ние ќе покажеме конкретни резултати во борбата против корупцијата.

Дали ќе биде ова успешна антикорупциска акција или ќе ја доживее судбината на ,,Змиско око" на пример?

Претпочитам да ја почекаме судската завршница, што ќе покаже истрагата во целиот овој случај, но факт е дека во минатото се случувала таа врска помеѓу лекари што работеле во Комисијата за издавање на инвалидски пензии и службени лица што биле ангажирани во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Дали се тие точно оние што беа приведени во текот на изминативе денови во т.н. акција ,,Метастаза" ќе покаже истрагата, но секако дека имаше потреба еднаш за секогаш во тој случај да се разреши состојбата.

Најавено е враќање на пензиите на оние што ги добиле на нелегален начин, но што е со извештаите на Државниот завод за ревизија за злоупотреби на милионски суми од буџетот?

И едната и другата работа не гледам причинска врска за да се стават во ист контекст. Значи тие граѓани што се стекнале се некое нелегално право ќе треба истото да се врати назад и всушност состојбата да се превенира. Околу трошењето на јавните средства, ние како Комисија интензивно ги следиме извештаите од Државниот завод за ревизија и секаде каде што утврдуваме злоупотреба на ваквите средства ние против лицата преземаме соодветна кривична или друг вид на одговорност. Во овој случај сакам да кажам дека злоупотребата на јавните средства ќе биде соодветно постапувано од нас, но секогаш завршницата не зависи само од Државната комисија за спречување на корупцијата бидејќи ние во овој случај сме само посреден орган кон што на утврдена фактичка состојба од извештаите покренува соодветни иницијативи до надлежните органи, а дали понатаму органите ќе постапуваат по случаите тоа е нивно. Во овој случај јас јавно ги повикувам по иницијативите на Комисијата поажурно да се постапува со цел да се покаже конкретни резултати во борбата против корупцијата.

Илми Селмани
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:34 0:00
До каде сте со случајот што и вашата Комисија го отвори, за Агенцијата за странски инвестиции околу тоа како се потрошени половина милион евра за промовирање на земјава во странство?

Ние веднаш го отвориме тоа како предмет, го набавивмет извештајот од Државниот завод за ревизија, го разгледавме на седница, побаравме дополнителни информации, ги чекаме истите и соодветно на утврдената фактичка состојба ќе се произнесеме.

Во последните забелешки на претставниците на ЕУ беше кажано дека е потребна поголема видливост на Комисијата за да се зголеми довербата кај граѓаните. Од каде доаѓаат ваквите критики?

Знаете, кога не кој ќе ви каже направете ја вашата работа повидлива тоа не значи дека тоа е критика за вашето не работење. Тоа повеќе констатира дека вие повеќе работите, но дека вашата работа не е видлива за јавноста и за институциите. Ние новиот начин на известување на јавноста за работата на Комисијата го прифативме, имаме зачестени контакти со новинарите и ги известуваме за одредени случаи итн.

Можете ли да дадете објаснување зошто има субјективизам меѓу телата кои што се занимаваат со борба против корупцијата. На пример ,,Транспарентност" излезе со тврдење дека постои судир на интереси во случајот на вицепремиерот Наумовски, а Комисијата утврди поинаку?

Субјективизам, тоа е релативно прашање. Многу е лесно од позиција на Невладина организација, на независен експерт итн, да изнесете некој ваш личен став или согледување за одреден предмет случаи итн, но многу е поинаква ситуацијата кога сте одговорен за работата, она што вие го правите, а тоа треба да биде во согласност со законот. За некој случај и ние самите би сакале работата да излезе на поинаков начин, но неможе со сила да се спроведува закон или по секоја цена да се најде нешто во некој предмет иако го нема.

Но, како го објаснувате и тоа кога на пример Заводот за државна ревизија излегува со извештај дека постојат примери на злоупотреба на пари, а Јавното обвинителство вели дека нема злоупотреба на државните пари?

Очигледно дека тука, народски кажано ,,нешто шкрипи". Апсолутно дека тие алки во синџирот на контролни органи кои што треба да ја превенираат или сузбиваат корупцијата треба да бидат повеќе врзани едни со други. Како што кажав и на самиот почеток потребен е еден цврст фронт во борбата против корупцијата, бидејќи тоа не е одговорност само на еден човек или институции, тоа е одговорност почнувајќи од самите граѓани, па се до највисоките институции.

До каде е утврдувањето за тоа дали постои судир на интереси кај други државни функционери за кои што постоеше сомневање дека добивале пари од повеќе места?

Ние отвориме случај за случајот со Чедомир Краљевски претседателот на т.н. Антимонополска комисија, отворивме предмет за случајот со Кирил Божиновски генерален секретар во Секретаријатот на Владата, отвориме и некои други случаи кои што не беа кажани во јавноста, но кои ние ги отворивме и ги завршивме итн. Значи кога ќе завршиме со постапувањето по нив, соодветно ќе информираме. Ако сакате фазно да ве информирам за случајот со Краљевски уште чекаме одговор од ,,Телеком" од каде побаравме одговор да не известат точно дали е вработен неговиот син, кога е вработен, во каква постапка, дали имало и друг пријавен при постапката за вработување итн. за да можеме да донесеме соодветен заклучок. За случајот со Кирил Божиновски се обративме до Владата за информација кога точно бил вработен, на која позиција, дали и од кога примал плата во Владата на РМ и од Собрание ја повикавме пратеничката Весна Бендевска која што јавно се произнесе по овој случај, таа беше на разговор во Комисијата и ги приложи сите документи и информации со кои таа располага во однос на случајот. Ќе добиеме одговор од Владата, ќе ги споредиме одговорите, ќе ја утврдиме фактичката состојба и соодветно ќе се произнесеме.

Има ли елементи што укажуваат на коруптивни елементи околу проектот ,,Скопје 2014"?

Јас неколку пати кажав во јавноста дека ,,Скопје 2014" повеќе е политичко-архитектонски проект. Тоа е проект на владата што го промовираше, започна со работа, некои работи се прикрај итн. Она што нас како Антикорупциска комисија би не интересирало и да видиме дали некој од градбите што се градат во рамките на овој проект е направен на незаконит начин, во смисла на непочитување на Деталните урбанистички планови, немање дозвола за градба итн. Имаме едно писмо во однос на спомениците што треба да се постават на плоштадот и околу него, испратено до Владата уште и пред да се промовира овој проект ,,Скопје 2014", морам да констатирам дека сеуште не сме добиле одговор, ќе мораме да ургираме да добиеме одговор, да видиме тие споменици што се планираат во рамки на тој проект, во која форма, во која постапка се избрани луѓето, бидејќи имаше некои наводи дека луѓето професионалци што работат на градењето, изработката на тие споменици итн, работат без непоминати тендерски постапки. Ние сето тоа ќе го провериме, се надевам дека ќе добиме многу брзо одговор и ќе се произнесеме. И доколку не добиме одговор, јавноста ќе знае дека Владата околу ,,тој и тој" предмет не не известила, но претпоставувам дека до тоа нема да дојде.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG