Достапни линкови

Нарушени меѓуетнички односи


Минатонеделниот протест на албанските невладини организации во Скопје

Минатонеделниот протест на албанските невладини организации во Скопје

Според стручната јавност, но и според граѓаните, меѓуетничките односи во Македонија се нарушени. За таквата ситуација придонесоа случувањата со проектот Скопје 2014, воведувањето македонски јазик за албанските првачиња, енциклопедијата на МАНУ, стагнацијата во евроатлантските процеси...

Ако гори куќата на комшијата варди ја и твојата. Некогаш првиот сосед ми е поголем брат од братот кој живее далеку. Гледај на доброто на своите соседи како на сопствено добро, а на лошото за нив како на лошо и за тебе. Ваквите поговорки што произлегле од народот, можеби не се научно докажани, ама се потврдуваат во практика. До скоро важевме за земја во која владее братство и единство, а потоа ни се случија нереди, конфликти, тензии. Се сменил народот, или нешто друго е во прашање? Граѓаните од мешаните средини, како оние што ги анкетиравме во Чаир велат дека и сега како и некогаш сите етнички заедници во населбата се сложуваат и дека живеат мирно и спокојно како и другите генерации наназад. За нив е нормално да имаат соседи со различна национална и верска припадност и да се
Меѓуетничките односи во моментот, но и подолго време наназад се тензични, но меѓу обичните луѓе овде сме од мешовит состав и нема тензии, одлично се сложуваме
дружат и да си помагаат меѓусебно, но воедно се и едногласни дека во последно време меѓуетничките односи во земјата се нарушени.

„Меѓуетничките односи во моментот, но и подолго време наназад се тензични, но меѓу обичните луѓе овде сме од мешовит состав и нема тензии, одлично се сложуваме.“

„Прашање е на национализам, шовинизам и верски фанатизам. Меѓу себе ние не се караме.“

„Јас на пример живеам во зграда каде што повеќето се Албанци, а помалку се Македонци и верувајте ми дека било каков проблем да имам јас трчам кај соседот, тоа е нормално.“
Меѓуетничките односи се многу лоши, инаку луѓето живееле и ќе живеат.

„Меѓуетничките односи се многу лоши, инаку луѓето живееле и ќе живеат.“

Според анкетата на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, која е извршена во повеќе од 26 населени места низ Македонија, околу 74 отсто од граѓаните одговориле дека е во пораст меѓуетничката нетрпеливост, а околу 78 отсто дека меѓуетничките односи во моментов се многу лоши. Претседателот на центарот Владо Димовски вели дека проблеми на меѓуетнички план во земјава има во последните неколку години, а вината тој ја наоѓа во политичките партии.



„Состојбата со меѓуетничките односи во Македонија е драстично влошена, состојбата е по влошена дури и од 2001 година, бидејќи пред 2001 и во текот на 2001 година имавме релаксирани меѓуетнички односи, барем така се изјаснуваа политичарите. Не се влошени меѓуетничките односи само последниве две години, влошени се наназад пет-шест години, а најголемата вина ја имаат политичките партии.“

Проектите „Скопје 2014“, енциклопедијата на МАНУ... причини за влошени меѓуетнички односи


Низата настани коишто предизвикаа негодувања и реакции меѓу етничките заедници според експертите се проектот Скопје 2014 година, воведувањето на македонскиот јазик за првачињата Албанци, нередите во Нерези, како и претходно објавената енциклопедија на
Состојбата со меѓуетничките односи во Македонија е драстично влошена, состојбата е по влошена дури и од 2001 година, бидејќи пред 2001 и во текот на 2001 година имавме релаксирани меѓуетнички односи, барем така се изјаснуваа политичарите.
Академијата на науките, судските процеси за Бродец, Сопот и Хашките случаи и забавениот процес на евратланска интеграција на земјава. Кај нас, најчесто меѓуетничките односи кога се влошуваат тие се изрежирани и иницирани од политичките партии, вели аналитичарот Алберт Муслиу. Ние никогаш немаме тенденција на зголемени тензии од обичните граѓани, па тие потоа да се рефлектираат во политиката, вели тој.

„Вообичаено поради погрешни политички потези или поради немање на слух меѓу политичарите се зголемуваат тензиите кои потоа се рефлектираат и кај граѓаните.“

Владата и политичките партии воопшто не се трудат ние да добиеме едно мултикултурно општество, каде што нема да има дискриминација по етничка основа, вели Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти:

„Вината треба да ја побараме во владеачките структури заради тоа што наспроти многу јасно декларираната желба, фактички она што секојдневно се прави покажува дека на ниту една политичка партија како да не и одговара навистина развој на Македонија како мултикултурно општество во кое што луѓето дефинитивно ќе можат да почнат да го градат својот граѓански идентитет наместо само етничкиот идентитет.“

Владата виновна за влошување на односите на етнички план

Ваљон Куртиши од кординативното тело на Советот на албанските организации кој пред неколку дена одржа протест поради дискриминаторскиот однос на Владата кон Албанците вели дека токму таа е извор на сите проблеми на етнички план.

„Тоа е заради политиките на оваа Влада, конкретно на г-динот Никола Груевски. Цело време со некакви одлуки, програми, иницијативи го навредува албанскиот народ тука и прави некакви стратегии против албанскиот народ.“

И граѓаните велат дека во последно време мирот им го нарушува Владата која со своите одлуки и ставови предизвикува непотребни
Вината треба да ја побараме во владеачките структури заради тоа што наспроти многу јасно декларината желба, фактички она што секојдневно се прави покажува дека на ниту една политичка партија како да не и одговара навистина развој на Македонија како мултикултурно општество.
тензии меѓу населението.

„Политичарите, тие се криви.“

„Тензиите ги создава Владата.“

„Тензиите ги прават само политичарите, меѓу себе.“

„Владава ги прави сите тие работи, значи таа е виновна.“

Политичките партии ги користат меѓуетничките односи за да добијат поени кај гласачите, вели Муслиу:

„Политичарите за да го сочуваат својот рејтинг или евентуално да сочуваат гласачи за предвремени, регуларни било какви избори играат на сигурната карта, меѓуетничките односи.“

Протест на албанските невладини организации во Скопје на 10 Мај


Етничките односи се користат за поткревање на рејтингот меѓу политичките партии

На истиот став е и Димовски кој вели дека ваквиот тренд меѓу партиите е во развој во изминативе години:

„Додворувајќи се на граѓаните за што подобар рејтинг итн. ја влошуваат состојбата. Јас не паметам последниве 10 години дека на национална основа политичките партии како што сега веќе почнаа, на национална основа да го поткреваат рејтингот.“

Наједноставното објаснување, според Најчевска, е дека тие немаат што друго да понудат, односно неможат да понудат реални резултати и реално подобрување на животот на граѓаните.
Владата сајкајќи да ги прикрие некои други работи кои се приоритет за решавање, таа создава тензии за да го сврти вниманието на друга страна.

„Најлесно е да се игра на етничката карта затоа што на тој начин многу лесно се мобилизираат големи човечки маси околу се она што претставува прашања поврзани со етничкиот идентитет.“

Причините на партиите им се познати и на граѓаните кои велат дека тие играат на картата на меѓуетничките односи за нивна корист.

„Владата сајкајќи да ги прикрие некои други работи кои се приоритет за решавање, таа создава тензии за да го сврти вниманието на друга страна.“

„Дали од корист или од некој друг аспект незнам, но тоа се прави само кога слушаме некои неубави работи и се создава некоја лутина, омраза.“

„За народот никој не мисли.“
Реновирање на политичкиот дијалог, инсистирање на потранспарентен меѓуетнички дијалог вклучувајќи ги тука политичките партии, но и јавноста, затоа што кај нас за чудо во последните 20 години се мисли дека политичарите се тие кои што го креираат политичкото
мислење.


Потребно е обновување на политичкиот дијалог

Лидерска средба на 8 Април



И Димовски смета дека единствениот излез е повеќе да се дискутира за ваквите теми.

„Да се седне да се разговара отворено, зошто не ни се добри меѓуетничките односи бидејќи само со такви дебати можеме да најдеме едно излезно решение, да немаме повеќе само релаксирани, туку добри меѓуетнички односи.“

Единствена шанса за нашето општество е да се интегрираме во НАТО и Европската Унија, а за отворените прашања на заедниците да дискутира владата со другите партии, вели Куртиши.

Да се седне да се разговара отворено, зошто не ни се добри меѓуетничките односи бидејќи само со такви дебати можеме да најдеме едно излезно решение.
„Сега што треба да направи моменталната Влада? Треба да ја релаксира целокупната ситуација, треба да на сите отворени прашања да даде одговор и секако треба и со опозицијата и со невладиниот сектор треба сите заедно да работиме, да ги решаваме отворените прашања конкретно да не провоцираме врз етничка основа, бидејќи едниствениот спас за нас е ЕУ и НАТО.“

Според Најчевска, пак, Европската Унија нема да ни ги реши проблемите. На нив треба да работиме ние самите доколку цврсто застанеме на идејата дека сакаме да градиме систем на граѓанство и демократија.

„Ќе мораме во одреден момент да разбереме дека етничката припадност е само еден од видовите на идентитет кој што ги има секој човек, меѓутоа самата демократија мора да ги изгради столбовите врз основа на индивидуите и врз основа на индивидуалните права. Се додека не се сфати тоа и се додека не дојде на власт таква политчка гарнитура која што ќе ја гради својата политика врз основа на индивидуите, а не врз основа на колективитетите, мислам дека ние ќе стоиме на ова исто место.“

Неодамна, амбасадорите на НАТО, Европската Унија, ОБСЕ и на САД испратија алармантна порака со која се апелира политичките лидери во Македонија доследно да го почитуваат Рамковниот договор и да го подобрат политичкиот дијалог. Тоа е досега најсериозната порака од меѓународната заедница упатена директно до Владата и до политичките партии. Според нив, меѓународната заедница е загрижена за политичката и за безбедносната состојба во државата, имајќи ја предвид стагнацијата во преговорите во спорот за името, односите во власта меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, меѓуетничките тензии, односот кон Рамковниот договор, како и изјавите на некои од албанските политичари дека тој е мртов и дека треба да се донесе нов договор за Албанците и решавање на проблемите.

Влезот во Европската Унија би ги релаксирал меѓуетничките односи, но најдобро решение би бил политичкиот дијалог, вели Муслиу. Пример за тоа се земјите кои не се дел од европското семејство, а сепак таму односите се институционално уредени и затоа немаат проблеми од таков вид, вели тој.

„Реновирање на политичкиот дијалог, инсистирање на потранспарентен меѓуетнички дијалог вклучувајќи ги тука политичките партии, но и јавноста, затоа што кај нас за чудо во последните 20 години се мисли дека политичарите се тие кои што го креираат политичкото мислење. Во овој случај сметам дека транспарентноста треба веднаш да се зголеми, и албанската популација која што во моментот се чувствува како игнорирана или запоставена да види дека и нејзините интереси преку владините програми се остваруваат.“
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG