Достапни линкови

logo-print

Почнува Блуз и соул фестивалот


Грег Рајт

Грег Рајт

Со ГРЕГ РАЈТ БЕНД како главни ѕвезди, НИК ЕНД Д БЕКБОУН од соседна Грција и Игор Станоевски, на 1 и 2 јули вo Колосеум ќе се одржи новото издание на скопскиот Блуз и соул фестивал.

Речиси ненајавено и во последен миг, по едногодишна пауза, реобновен е традиционалниот Блуз и соул фестивал, манифестацијата зад која во изминативе 14 години стои Дирекцијата за култура на Град Скопје и која во тој период со низа успешни перформанси на бројни ѕвезди од светот успеваше да го предизвика вниманието на љубителите на овој вид музика во Македонија.
Успеавме да го вратиме фестивалот, се надевам дека овие изминати години зад нас ќе значат и континуитет, односно одржување на фестивалот и во наредните
години.


„Успеавме да го вратиме фестивалот, се надевам дека овие изминати години зад нас ќе значат и континуитет, односно одржување на фестивалот и во наредните години“, забележува Никола Глигоров од Дирекцијата за култура на Град Скопје.

Фестивалот ќе го отвори Игор Станоевски, еден од најнадежните млади блуз уметници на македонската музичка сцена. Ова за него ќе биде деби настап на манифестацијата, а интересно е да се спомне дека Брус Иглер, продуцент и сопственик на водечката дискографска блуз компанија Алигатор од Чикаго, ќе запише дека Станоевски лесно може да се спореди со сите талентирани американски гитаристи од помладата генерација и дека му предвидува убава иднина.
Игор Станоевски

Првата вечер ќе ја заокружат старите познаници на македонската публика НИК ЕНД Д БАКБОУН кои досега на неколкупати
Ќе има добар рокерски призвук на сето она што ќе се случува и верувам дека сите оние што ќе дојдат ќе бидат задоволни од сите учесници на
фестивалот.
настапувале на ова случување. Колку за потестување, бендот од 1995 година го предводи еден од најдобрите грчки гитаристи Ник Доносис кој 12 години беше член на легендарниот блуз состав БЛУЗ ВАЈР и кој свирел со големи имиња од светската сцена како Бади Гај, Џон Хемонд, Дук Робиланд и други.

Втората вечер, пак, комплетно ќе му припадне на составот на Американецот Грег Рајт и неговите придружници. Тој ја почнал кариерата во средината на 1970-те кога свирел со големите Алберт и Фреди Кинг за да една деценија подоцна ја одработи големата светска турнеја со Мајкл Џексон и неговите браќа, за потребите на филмот Оушн оазис музицирал и со Прашката филхаронија, а денес сем со својот бенд настапува и на турнеите на Мик Флитвуд, ГЕП БЕНД, Спенсер Дејвис и други.

Говорејќи за програмскиот дел на фестивалот селекторот Васја Ивановски, откако ќе го изрази задоволството за враќањето на манифестацијата забележува:

„Ќе има добар рокерски призвук на сето она што ќе се случува и верувам дека сите оние што ќе дојдат ќе бидат задоволни од сите учесници на фестивалот. Јас само би го споменал Грег Рајт легенда на американската музичка сцена.“

Кон ова, само информацијата дека цените на влезниците се мошне популарни – 300 денари за обете вечери, а главен спонзор на Блуз и соул фестивал годинава е Американската амбасада во Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG