Достапни линкови

Џорџ Бенсон во Охрид


Џорџ Бенсон

Џорџ Бенсон

Џорџ Бенсон, еден од најзначајните џез гитаристи на денешнината, во сабота ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид. Перформансот е дел од оф-програмата на најголемата летна културна манифестација Охридско лето.

This Masquerade, Brezin, Shadow Dancer, On Brodway, White Rabit, Sumertime, Kisses in the Moonlight, Give me the Night...се само некои од класиците што фановите и особено љубителите на џезот со нетрпение ги очекуваат да ги чујат од својот љубимец Џорџ Бенсон, едно од најкомерцијалните имиња од овој тип на музика на денешнината, гитаристот кој ќе настапи во Антички театар во Охрид. Со овој концерт промотерите Авалон продукција, по настапите на Дејвид Брн и Карлос Сантана во Скопје, го продолжуваат претставувањето на значајни светски музичари во рамките на својата годинешна акција Летен културен шок.
Бенсон е роден на 22 март 1943 година, во Питсбург – Пенсилванија. Кариерата како гитарист ја почнал на 21 годишна возраст, но наедно се смета за еден од позначајните американски ритам и блуз и поп пејачи. Во почетокот од својата професионална кариера
This Masquerade, Brezin, Shadow Dancer, On Brodway, White Rabit, Sumertime, Kisses in the Moonlight, Give me the Night...се само некои од класиците што фановите и особено љубителите на џезот со нетрпение ги очекуваат да ги чујат од својот љубимец Џорџ Бенсон
соработувал со музичари како Џек Мекдаф, Лони Смит и Рони Кубер, за да потем му се придружи на Мајлс Дејвис на снимането на неговиот албум Miles In The Sky. По оваа средба гитаристот потпишува договор со влијателната дискографска етикета Врв, потем ќе снима и за CTI, а од тој период особено бележити ќе бидат неговите кавер верзии на песни од легендарните БИТЛС и ЏЕФЕРСОН ЕРПЛЕИН.
Во средината на 1970-те, особено по потпишувањето на договор за Ворнер брос, Бенсон ќе започне со освојување на нова публика. Така на албумот Breezin објавен 1976 година, наново ќе започне да го употребува својот вокал и на тој начин ќе ја продолжи започната линија на освојување на топ листите. Од овој период особено значајна е неговата соработка со соул пејачката Мини Рипертон, за This Masquerade и On Brodway ќе добие греми награди, а со Give Me The Night продуцирана од легендарниот Квинси Џоунс ќе влезе меѓу првите десет на тамошните топ листи. Во истиот овој период ќе ја започне и соработката со Клаус Огерман, а веќе во следната деценија заедно со гитаристот Чет Еткинс ќе ги освојуваат т.н смут џез листи. Во последнава декада името на Бенсон е нераскинливо врзано со Ал Жир, еден од најзначајните џез вокалисти, со кого по концертите во Америка, Јужна Африка, Австралија и Нов Зеланд, во 2006 година, ќе го објават одличниот албум Givin It Up.
Со огромен број на изданија зад себе од кои добар дел и компилациски објави од разните дискографски куќи за кои снимал, Бенсон активно продолжува да свири по светот годишно одржувајќи и по 100 концерта.
Денес како припадник на Јеховините сведоци мирно живее во Аризона, годинава го потпишува и новиот албум на кој соработуваше со Дејвид Печ и Стив Лукатер од групата ТОТО, а по концертот на Охридско лето, на 27 јули во рамките на светската турнеја Unforgettable посветена на големиот Нет Кинг Кол, ќе музицира и на Интернационалниот џез фестивал во Истанбул.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG