Достапни линкови

Грција ќе го ревидира пензискиот систем


Грчката влада за денеска ја одложи планираната одлука за ревизија на пензискиот систем, пренесоа агенциите. Според условите од планот за спас на ЕУ и ММФ, Грција треба да ги намали пензиските додатоци, да му стави крај на раното пензионирање, да го зголеми бројот на годините на осигурителен стаж неопходни за целосна пензија од 35-37 на 40 години, и да ја зголеми возраста за пензионирање на жените од 60 на 65 години. Има некои прашања кои се уште се разгледуваат. Премиерот денеска ќе ја донесе конечната одлука, изјави официјален претставник на владата.
XS
SM
MD
LG