Достапни линкови

Молдавија бара Русија да си ги повлече своите војници


Молдавија нареди на Русија да ги повлече 1.500 војници кои во изминатите две децении беа стационирани во сепаратистичкиот источeн регион . Привремениот претседател Михаи Гимпу денeска издал декрет со кој бара Москва безусловно и итно да ги повлече војниците од Трансдњестер. Ова е прв пат лидер на Молдавија директно да ја повика Русија да ги повлече своите војници. Русија вети дека ќе ги повлече војници кои се стационирани во Трансдњестер уште од советско време, но не ги исполни своите ветувања
XS
SM
MD
LG