Достапни линкови

ЕП одобри да се воведе еврото во Естонија


Европскиот парламент денеска одобри да се воведе еврото во Естонија од 1 јануари 2011, соопштуваат од седиштето на ЕП во Стразбур. Естонија ќе се приклучи на еврозоната, будејќи добро стои на фискален план и има малку долгови, изјавил европскиот комесар за економски прашања Оли Рен. Проширувањето на еврозоната, треба да биде формално одобрено на утрешниот самит во Брисел. Естонија влезе во Унијата во 2004-та година. Таа ќе биде 17 –та земја која ќе ја воведе европската валута.
XS
SM
MD
LG