Достапни линкови

Италијански инвестиции во дебарскиот крај


Регионот на Маврово

Регионот на Маврово

Република Италија ја зголемува соработката со Република Македонија и притоа најавува нови инвестициони зафати во регионите во нашава земја од каде има и најголем број на печалбари. Италијанците најавуваат нови проекти во регионот на Дебар, Жупа и Маврово – Ростуше.

Во Реканското село Скудриње е отворена канцеларија на Италјанско-македонската асоцијација „Џузепе Мацини“ која ке ги кординира активностите за потикнување на поголема соработка на овој регион на Македонија со Италија, вели амбасадорот на Италија Донатино Маркон.

„Отварањето на канцеларијата на италјанско-македонското здружение во овој убав регион на Македонија е многу значајно. Овде во овој регион е се позастапен италјанскииот јазик. Италија како и до сега и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти во сферата на екологијата и животната средина. Оваа активноста ја зголемува соработката помеѓу Италија и Македонија.“
Италија како и до сега и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти во сферата на екологијата и животната средина. Оваа активноста ја зголемува соработката помеѓу Италија и Македонија.

Претседателот на Италјанско – македонското здружение „Џузепе Мацини“ за регионот на Река, Дебар и Жупа, Зенун Зенини кој има докторирано на тема околу миграционите движења од Македонија во Италија нагласува дека продолжува рапидниот пораст на печалбарењето од нашава земја во Италија.
Грбот на општина Дебар

„Цел на оваа здружение е поголема поврзаност со нашите печалбари во Италија, бидејќи од регионот на општините Маврово - Ростуше, Дебар и Центар Жупа во Италија има повеќе од 15 илјади печалбари и членови на нивните семејства. Во тој контекст ќе се зголеми и јазичната, културната и образовната соработка. Канцеларијата се очекува да потикне и поголема бизнис соработката на двете држави.“

Според него, миграционите податоци говорат дека има рапиден пораст на печалбарењето на македонските државијани во Италија. Ако во 1990 година имаше само 190 македонски државијани кои беа на печалба во Италија денес таа бројка на наши државјани со соодветна документација е поголема од 92 илјади.

„Над 50 насто од населнието во општина Маврово-Ростуше работи и живее во Италија“, вели градоначалникот на оваа општина Мукрем Мехмеди.
Над 50 насто од населнието во општина Маврово Ростуше работи и живее во Италија.


„Отварањето на канцеларијата ќе ја продлабочи соработката меѓу Македонија и Италија.“

Италјанското влијаение во овој регион се зголемува и во однос на изучувањето на италјанскиот јазик. Во училиштата во општина Центар Жупа, како втор странски јазик се изучува италјанскиот јазик, додека таква најава има по барање на дел на родители и во општините Маврово-Ростуше и Дебар.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG