Достапни линкови

logo-print

Дебар има потреба од инвестиции на иселениците


Дебар

Дебар

Локалната власта во Дебар нуди поволни услови, со цел да привлече инвестиции од иселениците и печалбарите од овој регион. Засега, според градоначалникот Аргетим Фида повеќе од 30-тина дебарски иселеници во Соединетите Држави, најавиле вложувања во градот.

Во општина Дебар, многу е мал бројот на иселениците и печалбарите кои имаат инвестирано во својот роден крај и покрај тоа што ги има многу во САД и западноевропските држави. Локалната власт во последно време нуди многу поволни услови за инвестирање на иселениците и печалбарите и веќе има најави за вложувања. На средбите што ги имаше деновиве во САД делегација на локалната власт предводена од градоначалникот Аргетим Фида со иселениците, на кои беа презентирани развојните проекти за Дебар, повеќе од 30-тина
Во САД има над 15 илјади иселеници по потекло од Дебар и од нив еден голем број се успешни бизнисмени. На средбите дел од нив изразија интерес за нашите развојни проекти
бизнисмени по потекло од Дебар најавија инвестиции во родниот град. Овие ветувања даваат голема можност за развој на општината и намалување на бројот на невработените.

„Во САД има над 15 илјади иселеници по потекло од Дебар и од нив еден голем број се успешни бизнисмени. На средбите дел од нив изразија интерес за нашите развојни проекти и тоа посебно за стопанско-образовната зона на локацијата кај бившата воена касарна и за проектите кои се нудат кај крајбрежјето на Дебарско Езеро. Во наредните месеци очекувам да има нагласен интерес на наведените бизнисмени во однос на купување на градежното земјиште и други парцели, а нашата канцеларија за економски развој ќе им понуди се она што се предвидува со развојните проекти“, вели градоначалникот Фида.

Според него, иселениците се интересираат за севкупните состојби во Македонија и особено за евроатланските интреграции на земјата, бидејќи тоа, според нив, е битно за гаранцијата на нивните инвестиции.
Сега во однос на безбедносната состојба во општината иселениците се задоволни во споредба од пред неколку години, кога имаше и проблеми, но тоа што најмногу ги загрижува е проблемот со застојот на Македонија во однос на интегрирањето во НАТО и ЕУ


„Сега во однос на безбедносната состојба во општината, иселениците се задоволни во споредба од пред неколку години, кога имаше и проблеми, но тоа што најмногу ги загрижува е проблемот со застојот на Македонија во однос на интегрирањето во НАТО и ЕУ. Интегрирањето во НАТО и ЕУ, е долгорочна гаранција за нивните инвестиции.“

Фида додава дека на иселениците им се објаснети напорите што се прават во Македонија за да се реализира интегрирањето во евроатлантските структури. За да се помогне на заинтересираните инвеститори, во локалната самоуправа работи посебно тело за објаснување на законската регулатива во сферата на инвестирањето. Покрај иселениците од САД, интерес за инвестиции, сега покажуваат и печалбарите од дебарско кои работат во Италија. И печалбарите и иселениците најавуваат инвестиции во дрвната, прехранбената и текстилната индустрија, но и во сферата на туризмот.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG