Достапни линкови

Локалните власти на општина Маврово - Ростуше одржуваат редовни контакти со бројните иселеници од Реканскиот регион во Република Турција, кои педесетите и шеесетите години поради тогашните политички и економски прилики заминаа во оваа далечна земја.

Повеќе илјади иселеници од регионот на Река денес живеат во Истанбул, Адапазар, Измит, Измир, Бергама, Бурса и многу други градови во Турција. Само во градот Маниса според здружението на нашите иселеници во овој град живеат над 10 илјади иселеници,
Нашите иселеници во Турција се добро организирани, имаат свои клубови, и активно учествуваат и во политичкиот живот. Така е во градот Маниса и во другите градови, но и во општината Сараухали со која сме збратимени,,. Нагласи градоначалникот Mехмеди кој додаде дека и овој пат од локалната делегација е побарана помош иселениците да добијат двојно државјанство како и Македонски пасоши.
кои деновиве ја организираа големата традиционална манифестација ,,Шеќер,, и на истата учествуваше бројна делегација од општина Маврово - Ростуше предеводена од градоначаланикот Мукрем Мехмеди.

„Нашите иселеници во Турција се добро организирани, имаат свои клубови, и активно учествуваат и во политичкиот живот. Така е во градот Маниса и во другите градови, но и во општината Сараухали со која сме збратимени,,. Нагласи градоначалникот Mехмеди кој додаде дека и овој пат од локалната делегација е побарана помош иселениците да добијат двојно државјанство како и Македонски пасоши.“

Според градоначаланикот Мехмеди голем е интересот на иселениците од Река да се добие македонски пасош и тие ова го бараат неколку години наназад. Според иселениците, двојното државјанство им дава поголема можност да имаат подобри услови за да инвестираат во Македонија. Интересот за инвестирање во Македонија е доста нагласен кај иселениците .

„Добар дел од иселениците имаат свои бизниси и се заинтересирани за инвестиции во Македонија и особено во регионот на Река. Одредени конкретни активности се очекува да се прецизираат во месец мај кога во посета на нашата општина по повод денот на основањето на локалната самоуправа ќе дојдат локални функционери и бизнисмени од Турција“, истакнува Мехмеди.

Во Маниса има здружение на иселениците а такви здруженија има во многу градови низ Турција . Тие преку здруженијата одржуваат редовни контакти меѓу себе, но и со македонските дипломати во Република Турција. Иселениците од Река со особен интерес ги негуваат и своите традиции и обичаи.

„Здруженијата на Македонците од Реканскиот регион постојат во повеќе градови во Турција и тие организираат бројни манифестации како што беше и оваа во Маниса. Тие се добро организирани и имаат свои друштва преку кои го негуваат фолклорот и традициите. Тие таму настапуваат во реканска носија, а на манифестацијата во наведениот град настапи и наша фолклорна група“, вели градоначалникот Мехмеди.

Македонските иселеници во Турција даваат и голем придонес во негувањето на традиционално добрите македонско- турски односи.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG