Достапни линкови

Унгарско државјанство за сите етнички Унгарци


Унгарија донесе закон со кој етничките Унгарци кои живеат надвор од земјата ќе добијат право на унгарско државјанство, покрај државјанството на земјата во која живеат. Оваа одлука ја разлути соседна Словачка.
Законот опфаќа повеќе од 2,5 милиони Унгарци во соседните држави на Унгарија, како Словачка, Романија и Србија.
Според законот, сите што сакаат да добијат унгарско државјанство треба да го докажат нивното унгарско потекло, да го познаваат јазикот и да немаат криминално досие.
Сепак, тие што живеат надвор од Унгарија нема да имаат право на глас.
Словачка смета дека овој потег е закана за нивната безбедност и како одговор донесе закон според кој ќе им го одземе словачкото државјанство на сите што ќе земат друго државјанство.
Унгарскиот закон стапува на сила на почетокот на 2011 година.
XS
SM
MD
LG