Достапни линкови

Kратење на непродуктивните трошоци во буџетот?


Пари и кредитни картички

Пари и кредитни картички

Владата се премисли и најави ребаланс на буџетот во текот на јуни. Економските експерти бараат во него да бидат скратени непродуктивните трошоци. Тие велат дека во услови на криза, владата мора да стави акцент на продуктивни трошоци, кои ќе придонесат за развој и ќе придонесат за зголемена потрошувачка на граѓаните и компаниите со што ќе се зголеми приливот на пари во буџетот.

Во новиот ребаланс на буџетот во јуни треба да се скрати на непродуктивни трошоци, кои не му помагаат на стопанството, велат дел од експертите. Пред неколку дена министерот за финансии Зоран Ставрески велеше дека не е потребен нов ребаланс, за сега да се премисли и да изјави дека веќе се започнати подготовките за негова реализација, откако владата ја одложи емисијата на третата еврообврзница, поради неповолните услови на меѓународните пазари на капитал. Пресметките ќе бидат доставени до владата за две
Оваа влада се докажува не само со лоши намери, туку и со крајно нестручно водење на финасиите на државата. И натаму ќе се откажат од потребните, но нема да се откажат од непотребните трошење на буџетските средства.
недели. Се уште не се знае за колку ќе се скратат државните трошоци. Според министерството за финансии како и претходните години кога имаше ребаланс, тие ќе ја приспособат буџетската потрошувачка, ќе направат заштеди, таму каде што е потребно, за да се оствари предвидениот буџетски дефицит од два и пол отсто. Во новиот ребаланс треба да се прекинат непотребните инвестиции, кои ги започна владата, вели економистот Џевдет Хајредини.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески


„Треба да се прекинат, да се конзервираат сите започнати нестопански инвестиции на простор од неполн квадратен метар да вложи стотина милиони евра. Оваа влада се докажува не само со лоши намери, туку и со крајно нестручно водење на финасиите на државата. И натаму ќе се откажат од потребните, но нема да се откажат од непотребните трошење на буџетските средства.“

И претседателот на Сојузот на стопански комори Митко Алексов вели дека треба да се стави акцент на продуктивни трошоци, кои ќе придонесат за развој и ќе дадат можност за зголемена потрошувачка на граѓаните и компаниите со што ќе се зголеми приливот на пари во буџетот.
Продуктивни трошења се инвестирање во капитални инвестиции, инфраструктура, енергетика.


„Ние за непродуктивните трошења од оваа позиција немаме евиденција, што е како е... меѓутоа станува збор за нешто што не е неопходно во овој момент, во смисла за реновирање на канцеларии или непотребни службени патувања, а продуктивни трошења се инвестирање во капитални инвестиции, инфраструктура, енергетика, тие се мултипликатори кои од своја страна ќе придонесат за раздвижување на стопанството.“

Министерството за финансии не се откажува и од издавањето на третата еврообврзницата за која најавија дека може да се случи во секој момент, кога тие ќе добијат совет од инвестициските банки дека условите се добри. Од 175 милиони евра од втората еврообврзница владата до април потроши околу 140 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG